Македонија мора да го искористи моментот: рударството повторно во центарот на економскиот развој на регионот
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Рударскиот сектор повторно добива централно место во економскиот развој на регионот, а Македонија не смее да остане настрана од тие процеси, порача претседателот на Здружението на рударски и геолошки инженери на Македонија, Горан Сарафимов, за време на последното научно советување. Тој истакна дека живееме во време на брзи технолошки промени, енергетска транзиција и зголемена потреба за минерални суровини, а денес рударството повеќе не е индустрија којашто се поврзува само со ископување на руда и метали. „Потребен е рударски сектор кој ќе биде партнер на европската иднина“, порача Сарафимов, додавајќи дека современото рударство претставува висока технолошка дејност која применува автоматизација, дигитализација, вештачка интелигенција, далечинско управување со опрема, беспилотни летала за геолошки истражувања и напредни системи за мониторинг на животната средина. Според него, во светски рамки бакарот, литиумот, никелот, манганот, кобалтот и ретките земни метали стануваат клучни суровини без коишто не може да се направи зелена транзиција и да има развој на нови технологии. Европската Унија вложува сериозни напори за обезбедување на сигурни извори на критични минерални суровини, а Западниот Балкан сè повеќе се препознава како регион од стратешко значење за европските синџири на снабдување, изјави Сарафимов. Тој додаде дека нашите соседи веќе интензивно вложуваат во развој на рударскиот сектор. Во Србија се реализираат повеќе милијарди на инвестиции во производство на бакар и развој на современи рударски технологии, а во Грција се развиваат стратешки проекти поврзани особено со бакарот, галиумот и други критични минерални суровини кои имаат големо значење за развој на одржливото рударство и за европската индустрија. „Ова ни дава насока дека рударството повторно добива централно место во економскиот развој на регионот. Македонија не смее да остане настрана од овие процеси. Нашата земја располага со значителни минерални суровини, долгогодишна рударска традиција и квалитет