Македонија и Ирска во Тирана: Проширувањето на ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи
FinPortal.mk · 28.9.2026 г.
Македонската парламентарна делегација, предводена од потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Антонио Милошоски, и пратеничката Даниела Белимова, оствари билатерална средба со ирска парламентарна делегација во Тирана, на која беше потврдена континуираната поддршка на Република Ирска за европската перспектива на Македонија и за нејзиниот напредок кон членство во Европската Унија. Средбата се одржа во рамки на Интерпарламентарната конференција насловена „EU Enlargement: A Strategic Agenda for Europe's Future", што се одржува во главниот град на Албанија. Ирската делегација беше предводена од Бери Ворд, претседател на Заедничката комисија за прашања на Европската Унија при ирскиот парламент. На средбата беше истакнато дека пристапниот процес кон Европската Унија треба да се темели на јасни, објективни и мерливи критериуми, со фокус врз исполнувањето на Копенхашките критериуми, спроведувањето на реформите и постигнатите резултати. Соговорниците посочиле дека напредокот на секоја земја кандидатка треба да зависи од индивидуалните постигнувања и исполнувањето на преземените обврски, односно дека процесот треба да се заснова на принципот на заслуги. Во разговорите дополнително било нагласено дека билатералните прашања не треба да го попречуваат или да го определуваат процесот на европска интеграција. Наместо тоа, во центарот на вниманието треба да останат европските стандарди, реформите и исполнувањето на условите за членство. На средбата беше поздравена и поддршката што Ирска ја дава во периодот на нејзиното тековно претседавање со Советот на Европската Унија. Таа поддршка беше оценета како придонес за кредибилен, предвидлив и заснован на заслуги процес на проширување на Европската Унија. Двете делегации разговараа и за продолжување на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу Македонија и Ирска, особено во областа на европските интеграции, спроведувањето на реформите и јакнењето на парламентарниот надзор врз исполнување