Македонија е колепка на Самуиловата држава — нови историски аргументи против бугарското присвојување на царот Самуил

FinPortal.mk · 2.10.2026 г.

Договорот меѓу Грција и Бугарија, со кој в сабота на 3 октомври Атина свечено ќе ѝ ги предаде на Софија посмртните останки за кои верува дека се на цар Самуил, претставува прекршување на инаку спорниот Втор протокол и класичен политички договор со отворена антимакедонска порака. Тоа го оценува светски признатиот медиавелист Митко Б. Панов во анализата посветена на прашањето кој е цар Самуил и зошто Бугарија го присвојува, а која се преобјавува во три продолженија. Според анализата, епитафот на византискиот император Василиј II без сомнение претставува директна потврда дека тој сакал вечно да биде запаметен како победник над Скитите, односно непријателите од Самуиловата држава. Како следно прашање, кое досега не било поставено од истражувачите, се наметнува дали императорот бил познат со ваква апелација за време на неговото владеење. Панов наведува дека не би можел да се најде подобар податок од некој што бил митрополит, дипломат и писател, а уште повеќе кој директно му пишувал на Василиј II. Сето тоа, како што се наведува, го имаме кај Лав, митрополитот од Синада, кој во писмото адресирано директно до Василиј II од почетокот на 996 година, меѓу другото, наведува: „Императорот беше најголемиот од нив, императорот кој се враќаше од блескавата и неспоредлива победа; кој недостасуваше и по кого се копнееше, бидејќи долго време тој работеше во неволја за да ја обезбеди целосната победа; кој поради неговото достигнување беше брилијантен и славен и не ја презираше апелацијата ’Скитикус’ (Σκυθικος)… Не поштедувајте ниту еден Скит (Σκύθην), дури ни малото момче што мајка му го носи во својата утроба, туку разурнете ги и уништете ги сите заедно…“ Официјалната кореспонденција, адресирана лично до императорот, како што се наведува во анализата, јасно покажува дека Лав од Синада го ословувал Василиј II со апелативот „Скитикус“ поради неговите победи против „Скитите“. Ваквата официјална кореспонденција сосема јасно покажува дека Василиј II кон крајот на 10 век веќе бил познат со

Македонија е колепка на Самуиловата држава — нови историски аргументи против бугарското присвојување на царот Самуил | FinPortal.mk

Договорот меѓу Грција и Бугарија, со кој в сабота на 3 октомври Атина свечено ќе ѝ ги предаде на Софија посмртните останки за кои верува дека се на цар Самуил,