Македонија чека одговори на седум клучни прашања пред да отвори дата-центри
FinPortal.mk · 21.9.2026 г.
Македонија се позиционира како потенцијална дестинација за големи дигитални капацитети во регионот, а Владата веќе преговара со повеќе компании за нови инвестиции во секторот на вештачката интелигенција. Според достапните информации, премиерот Христијан Мицкоски потврдил разговори со шест компании, меѓу кои е и „Рамбл“ на Крис Павловски. Сепак, пред да почнат инвестициите, мора однапред да се одговорат седум суштински прашања, бидејќи искуствата покажуваат дека инфраструктурниот бум бара јасни правила. Државната Агенција за странски инвестиции ги промовира пониските оперативни трошоци и поврзаноста со европскиот електроенергетски систем како главни предности на земјата. Но, неодамнешниот пример во Пехчево, каде општинскиот совет едногласно отфрли иницијатива за објект во Панчарево поради недостаток на информации, покажа дека јавноста бара целосна транспарентност пред да даде поддршка за вакви проекти. Првото клучно прашање е кој е инвеститорот и сопственикот. Јавноста мора однапред да го знае крајниот сопственик, правниот субјект и моделот на финансирање за да се спречат шпекулации и деловни ризици. Без тие податоци, тешко е да се процени дали станува збор за сериозна инвестиција или за проект што може да остане недовршен. Второто прашање се однесува на потрошувачката на струја и на тоа кој ја плаќа мрежата. Системите за вештачка интелигенција трошат енергија колку цели градови, а главната дебата е дали инвеститорот сам ги покрива трошоците за новите далноводи и трафостаници или тој товар ќе падне врз граѓаните. Ова е особено важно во услови кога енергетскиот систем веќе е под притисок. Третото прашање е колку вода е потребна за ладење. Потрошувачката зависи од технологијата на ладење, поради што е потребен прецизен воден биланс, особено за најжешките летни месеци кога водните системи се под притисок. Без јасни бројки за водата, локалните заедници не можат да знаат дали проектот ќе им наштети на нивните потреби. Четвртото прашање е колку трајни работни места нависти