Македонија апсолутен аутсајдер во Глазгов: квота 16.3 за победа над Шкотска
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започна подготовките за последните два натпревари во Лигата на нации од Б сегментот, а обложувалниците веќе испратија јасна порака — победата на нашата селекција на гостувањето во Глазгов кај Шкотска би била вистинско чудо. Според квотите објавени во Sport Life, Шкотска е апсолутен фаворит за триумф на свој терен со коефициент од 1.20, додека нерешен резултат се вреднува со квота шест. Македонија да се радува на ова гостување се вреднува со неверојатна квота од 16.3, што ја прави нашата селекција најголем аутсајдер меѓу сите натпревари кои деновиве ќе се играат низ Европа — не само во Б сегментот, туку и во останатите три сегменти од Лигата на нации. Шкотска минатиот месец со 2:0 победи во Скопје, што дополнително ја зацврстува позицијата на домаќинот како фаворит пред дуелот закажан за 13 ноември. По досега одиграните четири меча, Македонија нема освоено ниту еден бод и е на последното место на табелата во Б сегментот. Сепак, со евентуални добри резултати во последните две кола, нашата селекција може да го избегне „фенерот“. По гостувањето во Глазгов, три дена подоцна Македонија ќе ја нагости Словенија во Скопје, што е втората и последна можност за избраниците на Гоце Седлоски да го поправат впечатокот од досегашниот тек на натпреварувањето. Иако квотите ја ставаат Македонија во безнадежна позиција, тоа не мора ништо да значи. Оние кои веруваат во избраниците на Гоце Седлоски може одлично да заработат доколку нашата селекција успее да изненади и да се радува на гостувањето во Глазгов. Во фудбалот многупати се покажало дека чуда се можни и затоа никогаш не смее да има предвреме предавање — порака што е особено релевантна за навивачите кои и покрај лошиот старт сè уште веруваат во позитивен исход. За споредба, во А сегментот од Лигата на нации на понудата се дури 12 натпревари, а најголеми аутсајдери таму се Турција, Хрватска и Велс, кои играат на гости кај Франција, Англија и Норвешка. Турција да изненади против Франц