Македонците најмногу муабетат со Чат ГПТ — само 18,1% од пораките се работни
FinPortal.mk · 28.9.2026 г.
Македонските корисници на Чат ГПТ многу почесто му се обраќаат за совет, практична помош или едноставно за разговор, отколку за извршување работни задачи. Според анализата на Институтот Демократика, речиси четири од секои десет пораки во јуни биле за практични насоки, додека помалку од две од десет биле поврзани со работа. Овие бројки ја ставаат Македонија на двата спротивни краја на европската листа — високо кога станува збор за барање совети, а ниско кога е во прашање работната употреба на алатката. Со 39,9 отсто практични насоки, Македонија е втора меѓу 36 европски земји, веднаш зад Романија каде тој процент изнесува 40,5 отсто. Зад нас се Албанија со 38 отсто, Црна Гора со 37,5 отсто, Грција со 36,6 отсто, Хрватска со 35,5 отсто, Србија со 34,3 отсто и Босна и Херцеговина со 33,2 отсто. Од другата страна, со само 18,1 отсто работни пораки, Македонија е дури на 34. место од вкупно 36 земји. Тоа значи дека Чат ГПТ кај нас во најголема мера се користи како советник и соговорник, а не како алатка за професионални задачи. Практичната помош не значи само едноставно прашање. Во оваа категорија влегуваат советите од типот „како да“, подучувањето, креативното осмислување, но и разговорите за здравје, фитнес, убавина и лична грижа. Според анализата, токму овие теми го сочинуваат најголемиот дел од интеракцијата на македонските корисници со Чат ГПТ, што покажува дека алатката се користи пред сè за секојдневни потреби и лични прашања. Уште поинтересна слика се отвора кога од советите ќе се премине на обичниот разговор. Во јуни 10,6 отсто од сите пораки од Македонија биле самоизразување, што нè става на третото место меѓу 36 европски земји. Во оваа категорија OpenAI ги сместува поздравите и неформалните разговори, односите и личната рефлексија, како и игрите и играњето улоги. Кога од вкупниот број пораки ќе се тргнат работните, македонската склоност кон муабетот излегува уште посилно на површина. Од пораките што не се поврзани со работа, дури 42,6 отсто се класифицирани како