Македонците и фирмите должни речиси 10 милијарди евра, Народната банка воведува рестриктивни мерки од декември

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Вкупниот долг на граѓаните кон банките, заклучно со септември, повторно расте и според податоците на Народната банка, македонските граѓани само по основ на кредити и позајмици должат сума од 4,93 милијарди евра. Оваа сума е приближно на ниво на две третини од целокупниот годишен државен буџет на Република Северна Македонија, што ја отвора темата за сериозноста на презадолженоста пред стартот на новите рестриктивни мерки на Народната банка, кои стапуваат на сила од 1 декември. Ако долгот од 4,9 милијарди евра се пресмета рамномерно по глава на жител, земајќи го предвид само резидентното население од околу 1,81 милион жители, секој граѓанин во државата, без разлика на возраста, формално „должи“ приближно 2.723 евра само по основ на банкарски кредити и позајмици. Во просек, според податоците на централната банка, долгот изнесува по најмалку 2.700 евра на секој жител. Кога на долгот на домаќинствата ќе се додаде и долгот на компаниите од 4,90 милијарди евра, заедничкиот долг на македонската економија и граѓаните достигнува вкупно 9,87 милијарди евра. Наспроти тоа, вкупните депозити во банкарскиот систем тежат 11,15 милијарди евра, што покажува дека штедењето во банките сè уште го надминува вкупниот кредитен долг на економијата и населението. На годишно ниво, вкупниот долг на домаќинствата бележи раст од 12,7 отсто. Според податоците од Народната банка, граѓаните најмногу се задолжуваат за имот, а станбените кредити бележат скок од 16 проценти. Втори на ранг листата се потрошувачките кредити со годишен раст од 12,4 отсто и месечен раст од 1,1 отсто. Трет на листата економски проблеми на граѓаните се негативните салда на тековните сметки, кои се зголемени за 5,8 отсто на месечно ниво, што сведочи за секојдневните празнини во семејните буџети. Наспроти нив, пад е забележан кај автомобилските кредити и кај минусните салда на кредитните картички. Високата и забрзана задолженост, особено кај станбените кредити, ја принуди Народната банка да преземе превентивни мерки кои почну

Македонците и фирмите должни речиси 10 милијарди евра, Народната банка воведува рестриктивни мерки од декември | FinPortal.mk

Вкупниот долг на граѓаните кон банките, заклучно со септември, повторно расте и според податоците на Народната банка, македонските граѓани само по основ на кред