Мајката на судијата Ѓоко Ристов сведочеше: „Плетев до три часот наутро, парите ги криевме зад плочки
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Во судницата, во рамките на доказната постапка, мајката на судијата Ѓоко Ристов, Ристова, даде детално сведочење за тоа како семејството ги стекнало илјадниците евра што, според истрагата, биле пронајдени скриени зад плочки. Таа остана на тврдењето дека семејното богатство е резултат на повеќедецениска работа, штедење и располагање со имот, а не на пари добиени од нејзиниот син, судијата Ѓоко Ристов. Ристова раскажа дека таа и нејзиниот сопруг Здраве цел живот работеле и штеделе, а наместо да добиваат финансиска помош од своите деца, тие им помагале ним. „Јас и сопругот кога се земавме, јас плетев и се мачевме. Тој печалеше пари. Ниту распашани, ниту пијаници, јас се гордеев цел живот со нив. Јас давав пари, не барав од нив. И снаите кога дојдоа, за сите имаше место“, раскажа таа. За да објасни колку работеле, Ристова рече дека плетела и до два-три часот по полноќ. „Човек кој е вреден и ноќе произведува пари“, додаде таа. Во продолжението на испрашувањето беа отворени прашања за начинот на кој ги чувала парите, нивното менување во странска валута и трагите што биле земени во текот на истрагата. Ристова потврди дека при истражните дејствија биле земени ДНК-траги, а на прашањето дали е сигурна дека лично ги ставала парите во скривницата, одговори потврдно. „Да, јас ги ставав“, рече таа. Објасни дека сопругот ги менувал заработените пари во менувачници, меѓу другото и во банкноти од 500 евра. Според нејзиното сведочење, до 2000 година купувале германски марки, кои подоцна ги заменувале во евра. На прашањето дали ги ваделе парите од скривницата за да ги заменат, а потоа повторно ги враќале, Ристова одговори: „Да, така е“. Во испрашувањето беа споменати и штедни книшки, како и стан купен во 2017 година. Беше отворено прашањето дали Ристова и сопругот финансиски му помогнале на синот со 70.000 евра, како и дали му помагале и на другиот син, Ангел. Ристова потврдно одговори на прашањето за семејната финансиска помош. Обвинителката отвори прашања и за имот поврзан со фотово