Мајка на близначки со аутизам секој ден влегува во училница: „Не сум замена за образовен асистент

FinPortal.mk · 16.9.2026 г.

Мартина Младеновски, мајка на близначки кои годинава за првпат седнаа во училишните клупи во основното училиште „Братство“, секој ден ги придружува своите ќерки на настава бидејќи тие немаат образовен асистент. Таа заради спората реакција на надлежните институции го заменила работното столче со училишна клупа и веќе извесен период не оди на работа, за да може да биде покрај децата за време на часовите. Близначките имаат аутизам, а според зборовите на нивната мајка, училиштето го прифатиле веднаш и немаат проблем да станат рано, да се подготват и да одат на настава. Клучниот проблем, вели таа, е тоа што во училиштето сè уште нема образовен асистент кој би работел со нив, поради што девојчињата се навикнале на часовите да седат заедно со мајка им. „Јас сум им мајка и ќе направам сè што треба за нив, меѓутоа јас не сум замена за образовен асистент. Треба да имаат соодветна поддршка и тоа е она што јас го говорам цело време. На овие деца им е многу важно да имаат континуитет, поддршка и едно исто лице кое ќе работи со нив“, изјави Мартина Младеновски. Таа изразува загриженост дека откако ќе добијат образовен асистент, ќерките можеби нема да го прифатат, бидејќи веќе се навикнале на сегашната рутина во која мајка им е постојано покрај нив во училницата. Според нејзините зборови, за децата со потешкотии во развојот од исклучителна важност е континуитетот и присуството на едно исто лице кое работи со нив. Случајот на Мартина Младеновски ја отсликува пошироката состојба со која се соочуваат родителите на деца со потешкотии во развојот, кои често се принудени да се откажат од своите кариери за целосно да се посветат на своите деца. Токму поради ваквите ситуации, од Министерството за образование и наука апелираат до семејствата за повеќе време и трпение додека се решава прашањето со образовните асистенти. Министерката за образование и наука Весна Јаневска тврди дека нема ниту едно дете да остане без образовен асистент. Таа посочи дека бројот на образовни асистенти постојано с

Мајка на близначки со аутизам секој ден влегува во училница: „Не сум замена за образовен асистент | FinPortal.mk

Мартина Младеновски, мајка на близначки кои годинава за првпат седнаа во училишните клупи во основното училиште „Братство“, секој ден ги придружува своите ќерки