Мајк Џејмс со солзи изнесен од теренот во Белград: стравувања од тешка повреда на Ахиловата тетива
FinPortal.mk · 1.10.2026 г.
Шокантни сцени се одиграа во Белград на натпреварот од Евролигата меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес, откако една од најголемите ѕвезди на елитното европско кошаркарско натпреварување, Американeцот Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда и во солзи беше изнесен од арената на носилки. Повредата се случи во третата четвртина, а според првичните информации од Белград, постои сериозно сомневање дека станува збор за повреда на Ахиловата тетива, која би можела да го чини кошаркарот долга пауза. Според она што е познато, Џејмс се повреди без никаков контакт со противнички играч. По промашувањето на Семи Оџелеј, тој тргна кон топката, но при промената на правецот ненадејно падна на паркетот. Веднаш се фати за долниот дел од десната нога, во пределот на Ахиловата тетива, а неговата реакција предизвика сериозна загриженост кај сите присутни на теренот. Играта беше веднаш прекината, а околу повредениот кошаркар се собраа играчите на двата тима заедно со медицинските екипи. Американeцот не можеше сам да го напушти теренот, поради што беше изнесен на носилки. Во тие моменти Џејмс беше во солзи, додека неговиот соиграч Метју Стразел се обидуваше да го утеши. Навивачите на Црвена ѕвезда му дадоа поддршка и го испратија со аплауз при неговото изнесување од паркетот, што дополнително ја нагласи тежината на моментот. Првичните информации од Белград упатуваат на сомнеж за сериозна повреда на Ахиловата тетива, но Анадолу Ефес сè уште нема излезено со официјална дијагноза. Дополнителните лекарски прегледи ќе покажат за каква повреда станува збор и колку долго Џејмс ќе мора да паузира. До тогаш, клубот и навивачите остануваат во исчекување на вестите од лекарскиот тим. Мајк Џејмс е еден од најголемите ѕвезди на Евролигата, а неговата повреда претставува сериозен удар не само за Анадолу Ефес, туку и за целото натпреварување. Натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес, кој се одигра во Белград, останува обележан токму од овој момент, кој ги потресе сите присутни во арената и ги надмина спо