Лозановски со бронза на Светското првенство во кик бокс, Глигорова продолжува кон медал, Тасева оштетена од судиска грешка

FinPortal.mk · 23.9.2026 г.

Македонскиот кик боксер Петар Лозановски обезбеди најмалку бронзен медал на Светското првенство во кик бокс што се одржува во Лидо де Јесоло, Италија. Лозановски во четвртфиналето на категоријата до 60 килограми за млади јуниори во дисциплината лоу кик го совлада Вук Ловриќ од Србија со убедливи 3-0 и со тоа си го осигура местото на победничкиот подиум. За влез во финалето, македонскиот претставник ќе се соочи со Ахмед Каикенов од Казахстан. Тоа значи дека Лозановски веќе има загарантиран медал, а евентуална победа во полуфиналето ќе му донесе борба за златото. Одлични вести пристигнаа и од Драгица Глигорова, која извојува победа на Светското првенство за јуниори. Таа славеше против Адријана Алзбета Полаковицова од Словачка, со што обезбеди пласман во четвртфиналето и реална можност да се бори за медал. Нејзиниот настап продолжува во следната фаза од натпреварувањето. Сепак, не сите вести од шампионатот се радосни за македонската репрезентација. Антонија Тасева, според селекторот Дејан Митровски-Урко, е оштетена од судиите. Иако судиската грешка била признаена од повисоките органи на ВАКО на Светското првенство, резултатот останал непроменет. Според селекторот, Тасева требало службено да ја добие борбата, бидејќи противничката немала соодветна опрема со маркица на себе. „Правило е, ако не се комплетира во рок од две минути откако ќе го пуштат тајмингот, следи дисквалификација. Во случајот поминаа четири минути и на канадската натпреварувачка повторно ѝ беше дозволен настап. Бидејќи се буневме, беше фаворизирана да победи, со што нашата репрезентативка беше оштетена“, објаснува селекторот Дејан Митровски-Урко. Тој потсети дека на други првенства од ваков вид македонските кик боксери двапати биле дисквалификувани токму поради опрема и доцнење по тие две минути, што дополнително ја нагласува нееднаквоста во третманот. „Протестиравме и приговаравме пред повисоките органи на организацијата, но безуспешно, иако ни признаа дека тоа е судиска грешка. Но тоа е тоа. Нашата бо

Лозановски со бронза на Светското првенство во кик бокс, Глигорова продолжува кон медал, Тасева оштетена од судиска грешка | FinPortal.mk

Македонскиот кик боксер Петар Лозановски обезбеди најмалку бронзен медал на Светското првенство во кик бокс што се одржува во Лидо де Јесоло, Италија. Лозановск