Лондон нуди 450 милиони фунти за студенти од ЕУ, но бара влез во „Произведено во Европа
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Британските министри се подготвени да потрошат до 450 милиони фунти годишно за да им овозможат на студентите од Европската унија намалени универзитетски такси, но само под услов Брисел да дозволи на Британија пристап до својата индустриска програма „Произведено во Европа“, објави „Гардијан“, повикувајќи се на свои извори. Според плановите на британската влада, студентите кои доаѓаат од континентот би плаќале исти такси како британските студенти, а државата е подготвена да потроши стотици милиони фунти за да им ги надомести разликите на универзитетите. Британските официјални претставници, сепак, инсистираат дека отстапките за таксите ќе ги направат само ако ЕУ дозволи на Британија влез во предложената протекционистичка индустриска програма, која предвидува трговски ограничувања за земјите надвор од блокот. Еден извор запознаен со преговорите изјавил за „Гардијан“ дека Лондон е подготвен да им даде на Европејците што бараат во врска со таксите, но дека мора да добие нешто значајно за возврат. „Најголемата награда за која се залагаме во моментов е пристапот до „Произведено во Европа“, така што има простор за договор“, рекол тој. Според европските официјални претставници, ЕУ бара нејзините студенти да плаќаат такси од нешто над 9.000 фунти годишно, наместо меѓународните такси, кои можат да надминат 60.000 фунти. Ова барање годинава накратко ги запрело преговорите, а британските претставници тврделе дека биле изненадени кога тоа било вклучено во разговорите. Преговарачите со месеци работат на низа договори што треба да бидат финализирани на самитот во Брисел на 20 ноември. Пристапот до „Произведено во Европа“, чие финализирање се очекува следната година, и барањето на ЕУ за поевтини такси за студентите на британските универзитети остануваат двете преостанати пречки. Првиот нацрт на заедничката изјава треба да им биде претставен на амбасадорите на ЕУ в среда, со можност текстот да се дополнува или брише до 20 ноември. Договорот ќе вклучи и нови обврски за засилување на на