Занаетчиите и понатаму без решение за придонесите,

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Партијата Левица, денеска повторно го отвори проблемот со новиот начин на пресметка на придонесите за занаетчиите, оценувајќи дека Владата предводена од ВМРО им создала хаос на луѓето што живеат од сопствен труд и дека и понатаму ги држи во целосна неизвесност. Од партијата потсетуваат дека поминале недели откако првпат реагирале на состојбата што ја создала Управата за јавни приходи со новиот систем, но проблемот сè уште не е решен.Според Левица, и денес има занаетчии кои не можат да платат ниту придонеси, ниту данок, додека институциите сè уште „координираат“ што и како треба да функционира. Од партијата предупредуваат дека за луѓето што живеат од сопствениот труд секој изгубен месец значи ризик да останат без здравствено осигурување, да натрупаат обврски и да не знаат што ги чека утре.Левица објаснува дека со измените придонесите се врзуваат за личната сметка на занаетчијата, наместо како досега за дуќанот преку кој тој заработува. Тоа, како што велат од партијата, создало апсурдна состојба во која на сметката на дуќанот има пари, а на личната нема. Како последица на тоа, некој има кредит и мора да плати месечна рата, но приходот што го заработил не може нормално да го користи, додека друг ја извршил уплатата, а сепак морал приватно да плати лекар затоа што здравственото осигурување не му било навреме евидентирано.Од партијата потсетуваат дека Занаетчиската комора уште претходно предупредила дека над 3.000 занаетчии и нивните семејства се погодени од ваквиот хаос. Според Левица, проблемите не завршуваат тука, бидејќи сè уште нема јасен и функционален одговор што се случува ако занаетчијата работи скратено, ако се разболи, замине на породилно, ја прекине дејноста или му се промени бројот на работни денови.„Значи, државата го смени системот, го пушти во употреба, а дури потоа почна да открива дека реалниот живот не се вклопува во нејзините формулари“, велат од Левица. Од партијата оценуваат дека е крајно безобразно целата оваа несигурност да паѓа врз луѓе кои не ба

Занаетчиите и понатаму без решение за придонесите, | FinPortal.mk

Партијата Левица, денеска повторно го отвори проблемот со новиот начин на пресметка на придонесите за занаетчиите, оценувајќи дека Владата предводена од ВМРО им