Левица: Владата им дели евтини кредити на винарниците, а лозарите остануваат без пари за предаденото грозје

FinPortal.mk · 16.9.2026 г.

Партијата Левица денеска јавно ја обвини Владата дека ја штити винарската индустрија на сметка на лозарите, откако министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски призна дека, по барање на винарските визби, ќе ги олесни условите за нивно кредитирање. Според соопштението на Левица, грејс-периодот за овие кредити треба да порасне од три на 18 месеци, по што следуваат уште 18 месеци отплата, со фиксна камата од само еден процент, а како залог ќе може да се користи и произведеното вино. Од Левица потсетуваат дека годинава лозарите уште пред бербата биле ставени пред свршен чин. За вранецот немало сигурен пласман, дел од винарниците најавувале ограничен или никаков откуп, а производителите повторно биле оставени да гледаат како целогодишниот труд им презрева по лозјата. Наместо Владата да интервенира во корист на послабата страна, велат од партијата, министерот јавно признал дека условите за кредитирање на визбите ќе се олеснат токму онака како што барале тие. Преку Развојната банка, за откуп на вранец и оризова арпа се ставени на располагање 793,48 милиони денари, од кои 553,48 милиони денари се наменети за вранец, а 240 милиони денари за оризова арпа. Од Левица оценуваат дека ова покажува двоен стандард: кога винарската индустрија ќе каже дека условите не ѝ одговараат, Владата веднаш ги менува условите, додека кога лозарот со години бара сигурен откуп, достоинствена цена и навремена исплата, тогаш му се објаснуваат пазарните услови и моделот. Како најaпсурден дел од најавената мерка, од Левица го посочуваат токму залогот. Визбите ќе можат како обезбедување за кредитот да го понудат произведеното вино, но тоа вино ќе биде направено од грозје што лозарот го предал наесен и за кое во тој момент сè уште може да не биде целосно исплатено. Законот, потсетуваат од партијата, дозволува исплатата да биде распределена во повеќе рати, а последниот дел да стигне дури до 30 април наредната година. Практично, производителот цела година плаќа нафта, препарат

Левица: Владата им дели евтини кредити на винарниците, а лозарите остануваат без пари за предаденото грозје | FinPortal.mk

Партијата Левица денеска јавно ја обвини Владата дека ја штити винарската индустрија на сметка на лозарите, откако министерот за земјоделство, шумарство и водос