Левица: Уставниот суд доби покачени плати еден ден откако ја одби иницијативата за политичкото рекламирање

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Опозициската партија Левица го обвини Уставниот суд дека дејствува како послушен инструмент на власта, откако само 24 часа по одбивањето на нивната иницијатива, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата експресно го изгласала враќањето на повисоките коефициенти за платите на уставните судии. Според соопштението на Левица, станува збор за јасна институционална симбиоза меѓу политичката власт и „независното" судство, која најдобро се илустрира во последните 72 часа. Левица потсетува дека Уставниот суд на 17 јуни донел одлука со која ги укинал одредбите што ги намалиле коефициентите за платите на неговиот претседател и на судиите. Со таа одлука, коефициентот за претседателот на Уставниот суд се враќа од 2,81 на 3,08, а за уставните судии од 2,60 на 2,85. Тоа значи дека од 1 октомври тие повторно ќе имаат повисоки коефициенти од оние што важат за останатите избрани и именувани функционери. Од Левица нагласуваат дека кога државата ги намалувала коефициентите на функционерите, тоа важело за сите — пратеници, министри, градоначалници и останати избрани и именувани лица. Само уставните судии, како што велат, најдоа правна конструкција со која самите се издвоија од тој режим, повикувајќи се на својата уставна положба и независност. „Уставните судии практично се поставија над останатите функционери: за сите важи намалувањето, само за нив не", се вели во соопштението. Клучен момент според Левица е хронолошкиот ред на настаните. Одлуката на Уставниот суд за повисоките коефициенти е донесена уште во јуни и со месеци стоела во Собранието без да биде спроведена. Но на 24 септември, откако истиот тој суд одлучил да не поведе постапка по иницијативата на Левица и да го остави на сила моделот со кој Левица е исклучена од платеното политичко рекламирање, предметот одеднаш се придвижил пред собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Таму, како што се наведува, членовите од ДПМНЕ и СДСМ едногласно го изгласале враќањето на повисоките коефициенти. Левица

Левица: Уставниот суд доби покачени плати еден ден откако ја одби иницијативата за политичкото рекламирање | FinPortal.mk

Опозициската партија Левица го обвини Уставниот суд дека дејствува како послушен инструмент на власта, откако само 24 часа по одбивањето на нивната иницијатива,