Левица: УЈП прво им ја одзеде обврската за пресметка на придонесите на занаетчиите, а сега им праќа опомени и им се заканува со блокада на сметки

FinPortal.mk · 20.9.2026 г.

Политичката партија Левица излезе со сериозни обвинувања кон Управата за јавни приходи (УЈП), тврдејќи дека институцијата им создала долг на занаетчиите и сега им се заканува со блокада на сметки и одземање на здравственото осигурување, иако за тоа, како што велат, вина носи самата држава. Според сведоштвата што пристигнуваат до партијата, државата прво им ја одзела можноста на занаетчиите самите да си ги пресметуваат придонесите и таа обврска ја префрлила на УЈП, но потоа со месеци не им ги доставувала пресметките, за на крајот да им испрати опомени затоа што не платиле нешто што самата институција не им овозможила уредно да го платат. Од Левица оценуваат дека иронијата е уште поголема ако се земе предвид дека УЈП законската промена од јули ја рекламираше како наводно олеснување на процедурите за самовработените паушалци. Наместо олеснување, велат од партијата, занаетчиите се соочуваат со хаос поради кој не можат нормално да ги регулираат своите обврски. „Но ова е алармантно! Зад секоја непроцесирана пресметка стои човек кој живее од сопствените раце, плаќа кредит, издржува семејство и мора секој месец да заработи за да преживее“, порачуваат од Левица. Според сведоштвата што пристигнале до партијата, занаетчиите поради овој хаос не можат нормално да ги регулираат обврските, им виси опасност од камати, присилна наплата и блокада на сметки, се соочуваат со проблеми со здравственото осигурување, а нерегулираниот статус може да им создаде проблем и пред банките. Од Левица посебно ја истакнуваат тежината на ситуацијата за повеќедетните семејства во кои и двајцата родители се занаетчии, наведувајќи дека оваа грешка на системот станува удар врз егзистенцијата на цело семејство. Од партијата предупредуваат и дека меѓу занаетчиите се создава чувство дека системот фактички ги истиснува од формата во која со години работеле, со избор или да се снаоѓаат, или да затворат, или да отворат ДООЕЛ за воопшто да можат нормално да функционираат. „Тоа допрва мора да го објаснат надлежн

Левица: УЈП прво им ја одзеде обврската за пресметка на придонесите на занаетчиите, а сега им праќа опомени и им се заканува со блокада на сметки | FinPortal.mk

Политичката партија Левица излезе со сериозни обвинувања кон Управата за јавни приходи (УЈП), тврдејќи дека институцијата им создала долг на занаетчиите и сега