Левица спречи укинување на законската рамка за санација на еколошките жешки точки во Македонија

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

На денешната седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање беше прифатен амандманот на Левица со кој се брише член 13 од предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина. Со оваа одлука, како што појаснуваат од партијата, се спречува укинувањето на законската рамка за идентификација, управување и санација на контаминираните подрачја, односно еколошките жешки точки во Македонија. Образложувајќи го амандманот пред членовите на комисијата, пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, предупреди дека државата наместо да ги санира опасните индустриски наследства, предлага укинување на законските механизми со кои треба систематски да се решаваат овие проблеми. Тој нагласи дека во Македонија има повеќе еколошки жешки точки, кои ги опиша како контаминирани подрачја, остатоци од поранешни индустриски капацитети и рудници кои зад себе имаат оставено канцероген отпад штетен по животната средина и по здравјето на луѓето. Како особено загрижувачки примери Јанчев ги посочи Лојане и Ваксинце, каде што се наоѓаат стотици илјади тони јаловина со арсен и антимон, како и илјадници тони арсенов концентрат. „Во Лојане и Ваксинце има околу 450.000 тони јаловина на арсен и антимон и околу 10.000 тони чист арсенов концентрат. Ова е канцероген отпад кој стои на отворено и е во прашкаста форма. При секој ветер тој се крева во воздух и се разнесува до локалното население, коешто овој канцероген материјал го дише“, нагласи пратеникот на Левица. Тој предупреди и на опасноста од шестовалентниот хром во близина на поранешниот индустриски комплекс „Југохром“, посочувајќи дека станува збор за канцерогена материја растворлива во вода, која може да навлезе во подземните води. „Во близина на Југохром има илјадници тони на шестовалентен хром. Тоа е исто канцерогена материја која се наоѓа само на неколку километри од изворот Рашче, од којшто пијат околу половина милион жители вода во Скопје, или со други зборови, една третина од Мак

Левица спречи укинување на законската рамка за санација на еколошките жешки точки во Македонија | FinPortal.mk

На денешната седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање беше прифатен амандманот на Левица со кој се бр