Левица се повлече од работната група за преименување улици во Тетово: „Не сакаме да бидеме декор на коалициската злосторничка дружина
FinPortal.mk · 1.10.2026 г.
Локалниот огранок на Левица – Тетово соопшти дека ја напушта работната група за преименување и именување на улици во Општина Тетово, а претставникот на партијата во ова тело, Никола Тодороски, се повлече од работната група. Од партијата велат дека одлуката е донесена од „длабоки патриотски причини“ и од почит кон предците кои, како што наведуваат, ги дале своите животи за слободно и македонско Тетово. „Левица одбива да даде легитимитет на ова историско предавство. Не сакаме да учествуваме во бруталното урнисување и бришење на антифашистичката историја на нашиот град. Одбиваме да бидеме декор на коалициската злосторничка дружина ДПМНЕ – ВРЕДИ, која бескрајно и бескрупулозно, заради пусти фотелји и ситни лични интереси, тргува и ги менува историските факти на Македонците во Тетово“, велат од Левица. Од партијата потсетуваат дека како партија поднеле официјално барање и остар приговор против предлог-листата, но, како што додаваат, јасно е дека „криминалниот задкулисен пазар е веќе склучен на штета на македонскиот народ“. Според соопштението, Левица поставила цврсти црвени линии и побарала итно повлекување на неколку скандалозни предлози. Меѓу нив е и предлогот за Фадил Сулејмани, лице на кое, како што се наведува, му се припишуваат јавни изјави дека Македонците се Бугари, а Македонија е вештачка држава. Од партијата бараат работната група под итно да ги истражи изворите на овие, како што ги опишуваат, шовинистички изјави пред неговото име воопшто да се разгледува. Левица бара и повлекување на предлогот за Џафер Сулејман, за кого велат дека има сериозни приговори за неговата улога за време на фашистичката окупација во Тетово и поврзаност со балистичките структури. Од партијата бараат целосна биографија со проверени историски извори за тој период. Како трет спорен предлог, од Левица го наведуваат и Шериф Кавази, за кого тврдат дека постојат наводи дека бил министер во квислиншката албанска власт за време на фашистичката окупација. „Бараме итно повлекување додека историск