Левица: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со новиот ДУП за Барутана им излегоа во пресрет на Мијалков и Омерагиќ
FinPortal.mk · 25.9.2026 г.
Партијата Левица го обвини политичкиот врв, пред сè СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, дека со новиот детален урбанистички план за Барутана всушност им ја подариле оваа атрактивна локација на бизнисмените поврзани со поранешниот прв човек на ДБК, Сашо Мијалков, и со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ. Реакцијата на Левица доаѓа по истражувањето на „Призма“, кое, како што велат од партијата, конечно го отворило прашањето што тие цело време го поставувале — кој стои зад притисокот за нов ДУП и кому му одговара да се урбанизира токму овој дел од Водно. Според сознанијата изнесени во истражувањето, зад нацрт-планот не стои некаква реална потреба на Општина Центар за нови станбени капацитети, туку инвеститори кои во изминатите години систематски се позиционирале на најатрактивните парцели во Барутана. Од Левица посочуваат дека едно од најпознатите имиња во оваа бизнис-мрежа, покрај Мијалков, е токму Масар Омерагиќ, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, кој според партијата остварува чести контакти со политичкиот врв токму преку својата деловна позиција. Како што се наведува, на самиот крај на 2025 година семејната компанија на Омерагиќ, „Руле турс“, купила еден од двата плаца на „Енерго Максистем“ во Барутана. Продажбата се случила само неколку дена откако Уставниот суд го укинал стариот ДУП за Барутана, со што до донесувањето на нов план не можеле да се одобруваат нови градби. Омерагиќ, како што потсетуваат од Левица, претходно продал една од своите компании на семејството Мијалкови, а е и инвеститор во зградите спроти Ист Гејт. Истражувањето на „Призма“ открива и детали за тоа како четирите највисоки и најексклузивни локации во Барутана биле купени во ист ден во септември 2023 година, по што земјиштето продолжило да се окрупнува и да се менува неговата катастарска намена. Два плаца купила фирмата „Енерго Максистем“, а по еден „Интернешнл груп“ и „Енсоф капитал“. Денес, токму на тие локации, новиот ДУП предвидува хациенди со површина