Левица: СДС предлага државата да ја плаќа платата на работниците, а профитот да остане кај газдите
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Партијата Левица денес го оспори предлогот на СДС за покачување на минималната плата, оценувајќи го како нова „работничка политика“ во која народот со своите даноци би ги субвенционирал газдите, додека тие би го собирале кајмакот од трудот на работниците. Според соопштението на Левица, предлогот предвидува државата да му ја исплаќа платата на работникот на неговиот работодавач, а газдата да го присвојува профитот од неговиот труд. Од Левица објаснуваат дека разликата меѓу сегашните 450 евра и предложените 600 евра нема да ја покријат газдите од сопствениот профит, туку државата со народни пари. Тие пари, како што наведуваат, се средства на граѓаните собрани од даноците од нивните плати. Според Левица, тие средства со одговорна и народна политика можат да се насочат кон изградба на болници, училишта, патишта, јавен превоз и инфраструктура што му служи на целото општество, наместо дел од нив да завршат кај приватните компании за тие со јавни пари да ја исплаќаат платата на својот работник. Како најдобар доказ за тоа колку олигарсите од СДС се одлепени од работничката реалност, Левица го наведува фактот што за овој предлог воопшто не било разговарано со синдикатите. Во време кога синдикатите веќе јасно укажуваат дека приказната за 600 евра е застарена, според Левица, СДС продава стара политика во ново кич пакување. Со секојдневното растење на синдикалната кошница, за еден човек да обезбеди колку-толку нормален, иако сè уште крпен живот, синдикатите се изјасниле дека се потребни најмалку 800 евра. Левица потсетува дека минатата година, според тогашната синдикална кошница, предложила минимална плата од 500 евра во координација со синдикатите, а паралелно со тоа отворила и поширока борба за намалување на експлоатацијата на трудот. Меѓу нивните предлози се шестчасовен работен ден, регулирање на патните трошоци, исплата на платите најдоцна до петти во месецот и флексибилно работно време за родителите на деца до шест години. Покрај тоа, Левица предлага породилното отсуство д