Левица: Партиските врски на кандидат за Судскиот совет разоткриваат фиктивна реформа на правосудството
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Политичката партија Левица денес изрази сериозни сомнежи за најавената реформа на судството, оценувајќи дека власта повторно применува партиско заробување на правосудниот систем. Повод за реакцијата е кандидатурата на струмичкиот адвокат Џоко Диков за член на Судскиот совет, чии релации со функционери на владејачката партија, според Левица, отвораат сериозни сомнежи за политичката заднина на неговото именување. Од партијата порачуваат дека додека премиерот Христијан Мицкоски продава реформи и независно судство, пред јавноста повторно се поставува прашањето дали судиските кариери ќе зависат од стручноста или од партиските врски. Според информациите изнесени од Левица, името на Диков се поврзува и со судските пресметки на градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, против еколошките активисти кои протестираа против отворањето леарница за алуминиум. Додека граѓаните се бореа за чиста животна средина, локалната власт се впушти во правни конфликти со сопствените жители, а сега адвокатот кој, според информациите, го застапувал градоначалникот во тие спорови, претендира да стане дел од телото што одлучува за судиите. Од Левица оценуваат дека патот од правни пресметки со активисти до Судскиот совет претставува навистина импресивна биографија за она што власта го нарекува „независно“ правосудство. Дополнително, како што наведуваат, постојат јавно објавени фотографии од Диков на постизборна прослава во друштво на пратеникот Петар Марков и градоначалникот Божинов, што дополнително ги засилува сомнежите за политичката поврзаност на кандидатот. Партијата истовремено го отвора и прашањето за кривичната пријава против Диков, чија содржина и статус, според Левица, мора да бидат јавно разјаснети пред граѓаните. Од партијата сметаат дека ваквите околности не можат да останат надвор од јавната расправа, особено кога станува збор за избор на член на тело што одлучува за судиските кариери и за независноста на судството. Во својата реакција Левица заклучува дека за владејачката партија