Левица најавува радикализација и иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање
FinPortal.mk · 24.9.2026 г.
Пратеничката група на Левица најави дека ќе поднесе повеќе измени на Изборниот законик со кои ќе бара отстранување на нерамноправностите во изборниот процес, а првата иницијатива ќе биде за укинување на платеното политичко рекламирање. Ова, како што појаснуваат од партијата, следува по одлуката на Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Левица и да не расправа за одредбите од Изборниот законик со кои Левица е исклучена од платеното политичко рекламирање. Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, изјави дека оваа одлука на Уставниот суд поминува во сенка на она што тој го оцени како скандалозна, недемократска и крајно исполитизирана одлука. Според него, Уставниот суд ја отфрлил иницијативата на Левица и не расправал за проблематичните делови од Изборниот законик, коишто ја исклучуваат Левица како единствена партија од политичко рекламирање. Крмов нагласи дека образложението дека за овие одредби веќе било одлучувано не ја одразува денешната политичка реалност. Тој потсети дека од 2023 година состојбата е променета, бидејќи Левица денес има парламентарна партија и пратеничка група која е исклучена од платеното политичко рекламирање. „И ако е јасно дека ситуацијата е сменета од 2023-та, затоа што сега имаме и парламентарна партија и тоа пратеничка група која е исклучена од политичко рекламирање“, посочи Крмов. Од партијата оценуваат дека последиците од ваквата нееднаквост особено се покажаа на локалните избори. Тие потсетуваат дека кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, се пласираше во вториот круг, но во истата трка политичките субјекти немаа еднаков пристап до платеното политичко рекламирање. „Нашиот кандидат Амар Мециновиќ влезе во вториот круг во град Скопје. Имавме два кандидати во вториот круг, но само еден кандидат имаше ППР и тоа е една недозволива и апсолутно незаконска и неуставна работа“, изјави Крмов. Токму затоа, како што додава Крмов, Левица ќе започне со иницијатива за целосно укинување на платеното полит