Левица: МОН повторно не објавува бодови за студентските домови, Ревизијата предупреди на можност за фаворизирање

FinPortal.mk · 16.9.2026 г.

Партијата Левица реагираше дека Министерството за образование и наука повторно ги објавило резултатите од конкурсот за прием во студентските домови без целосни ранг-листи со освоените бодови на кандидатите. Според партијата, ваквиот начин на објавување не им овозможува на јавноста и на студентите да видат по кои критериуми биле распределени местата, особено во ситуации кога за едно место конкурираат повеќе кандидати. Од Левица наведуваат дека бодовите се суштински дел од постапката за рангирање и дека нивното необјавување не е прашање на добра волја, туку на обврските што Министерството треба да ги почитува. Партијата се повикува на Правилникот за начинот на прием на студентите во државните студентски домови, кој, како што тврдат, предвидува објавување список на студенти со освоените бодови. Левица потсетува и на наодите на Државниот завод за ревизија за конкурсот во учебната 2022/2023 година. Според партијата, тогаш ревизорите констатирале дека не била доставена документација оти Министерството за образование и наука извршило бодирање согласно пропишаните критериуми, а апликациите биле обработувани рачно и внесувани во табели без бодирање. Од Левица наведуваат дека Државниот завод за ревизија заклучил оти отсуството на бодовни ранг-листи создава можност за субјективно постапување при распределбата на местата и за фаворизирање на дел од студентите. Партијата бара Министерството за образование и наука веднаш да ги објави целосните ранг-листи со освоените бодови на сите кандидати, по студентски домови и категории, со јасно наведена граница за прием. Дополнително, Левица бара да бидат објавени бројот на пријавени, примените и одбиените студенти. Од партијата побараа и објаснување како студентите можат ефективно да поднесат приговор на рангирањето доколку немаат увид во ранг-листата и во бројот на освоени бодови. „ДПМНЕ нема право да бара доверба таму каде што одбива да покаже бодови. Ако изборот е чист и законит, лесно ќе им биде веднаш да ја објават целата ранг-листа“

Левица: МОН повторно не објавува бодови за студентските домови, Ревизијата предупреди на можност за фаворизирање | FinPortal.mk

Партијата Левица реагираше дека Министерството за образование и наука повторно ги објавило резултатите од конкурсот за прием во студентските домови без целосни