Левица: Мијалков не може да ја демантира бизнис-мрежата околу Барутана
FinPortal.mk · 28.9.2026 г.
Партијата Левица излезе со соопштение за јавност во кое тврди дека Сашо Мијалков не може да ја демантира својата поврзаност со бизнис-мрежата околу локацијата Барутана, откако тој претходно негираше каква било вмешаност. Според Левица, Мијалков во својот демант се фаќа за фактот дека неговото име не стои во имотните листови на парцелите во Барутана, но таквиот аргумент не го држи вода, бидејќи истиот критериум би значел дека ни конфискуваните станови на Водно повеќе немаат никаква врска со него. Од партијата потсетуваат дека во 2024 година фирма на синот на Мијалков, Јордан, ги купила трите стана и гаражата кои претходно му биле конфискувани на Сашо Мијалков во случајот „Империја". Според логиката што ја застапува Мијалков, кога имотот е запишан на име на син, таткото повеќе нема никаква врска со него, велат од Левица, оценувајќи дека ваквото толкување е неодржливо. Левица нагласува дека истражувањето на „Призма" не го поврзува Мијалков со Барутана затоа што неговото име стои на некоја од парцелите, туку затоа што неговото име се појавува во самата деловна историја на компаниите што се позиционирале на тој простор. Како пример се наведува „Енерго Максистем", која има два плаца во Барутана и претходно била поврзана со сопругата на Љупчо Тодоровски-Радникот, близок соработник на Мијалков. Потоа токму оваа компанија го купува земјиштето кај Богородица кое претходно му било конфискувано на Мијалков. Од партијата додаваат дека со „Интернешнл груп", која исто така има плац во Барутана, „Енерго Максистем" потоа станува деловен партнер. Затоа, според Левица, демантот „немам имот во Барутана" не одговара на она што всушност е објавено, а тоа е дека околу ова земјиште се испреплетуваат компании, имоти и деловни врски кои водат и до Мијалков. Левица укажува дека на оваа веќе формирана имотна и деловна структура се надоврзува и урбанистичката постапка. Во случајот со Барутана, приватниот интерес не останува само на ниво на сопственост на земјиште, туку „Лутарико" ја иницира изр