Левица: ДПМНЕ не ги поддржа малите бизниси — амандманот за АППРМ отфрлен

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Левица поднесе амандман на ребалансот на Буџетот со кој побара зголемување на средствата за финансиска поддршка на претприемништвото, отворање нови бизниси и развој на микро, малите и средните претпријатија, но амандманот беше одбиен од ДПМНЕ, соопштија од партијата. Во образложението на амандманот, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ посочи дека постојат сериозни индиции оти во изминатата година не функционираат редовните програми на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија (АППРМ), вклучително и модулите за поддршка при отворање мали бизниси и програмата за менторство на корисниците на државната поддршка. Според Левица, станува збор за една од ретките долгорочни програми што со години им помага на граѓаните да започнат сопствен бизнис и да создадат услови за сопствена економска независност. Мециновиќ наведе податоци според кои над 80 отсто од претпријатијата што ги поминуваат модулите на АППРМ продолжуваат да постојат и по три години. Од партијата оценуваат дека во услови на стагнација на платите, раст на трошоците за живот и сè понеповолни услови за младите работници, поддршката за малите бизниси и занаетчиите треба да биде приоритет. „Наместо да се вложува во домашните претприемачи, ДПМНЕ одби да ги обезбеди бараните дополнителни средства. Левица предупредува дека ваквиот пристап ги потиснува иницијативите за економска самостојност и оди во прилог на политиките што ги ставаат интересите на крупниот капитал пред потребите на граѓаните. Додека малите претпријатија се борат за опстанок, Владата пропушта да поддржи програми што можат да создадат нови работни места и да ја зајакнат домашната економија“, се наведува во соопштението на Левица. Партијата бара од надлежните институции да одговорат зошто програмите на АППРМ не се спроведуваат во предвидениот обем и зошто се одбиваат дополнителни средства за поддршка на домашното претприемништво. Според Левица, одбивањето на амандманот покажува дека Владата не ги препознава потребите на малите пр

Левица: ДПМНЕ не ги поддржа малите бизниси — амандманот за АППРМ отфрлен | FinPortal.mk

Левица поднесе амандман на ребалансот на Буџетот со кој побара зголемување на средствата за финансиска поддршка на претприемништвото, отворање нови бизниси и ра