Левица: Додека фондовите трупаат по илјада станови, семејствата остануваат без покрив над глава
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Партијата Левица ја критикува владината станбена политика, оценувајќи дека либералниот пристап на Владата на ДПМНЕ им овозможува на инвестициските фондови да собираат големи станбени портфолија и да заработуваат милиони, додека граѓаните остануваат заробени во доживотни кредити за да обезбедат еден единствен дом. Во соопштение до јавноста, Левица посочува дека европските градови како Загреб и Берлин веќе воведуваат високи даноци за недвижности што не служат за домување и преземаат чекори за враќање на големиот станбен фонд во јавна сопственост, додека македонската власт, според нив, оди во спротивна насока. Како конкретен пример од партијата го наведуваат случајот со данската инвестициска група „Ваексткапитал“, која купила 250 станови во изградба во Скопје, со најавена цел бројката да достигне најмалку 1.000 станови. При претпоставени 50 квадратни метри по стан и цена од 2.000 евра за квадратен метар, Левица пресметува дека тоа би значело портфолио вредно околу 100 милиони евра. Од партијата потенцираат дека додека еден фонд може да акумулира илјада станови, илјадници семејства не можат да обезбедат ниту еден. „Додека крупниот капитал купува стотици станови како инвестиција, граѓаните се заглавуваат во доживотни кредити за да обезбедат еден единствен дом“, се наведува во соопштението на Левица. Од партијата објаснуваат дека за едно семејство педесет квадрати значат дом, сигурност и децении отплаќање кредит, додека за инвестициски фонд тие се само бројка во портфолиото. Според нив, ваквата состојба не наликува на нормален пазар, туку на систем во кој државата го штити капиталот што трупа имот, а граѓаните ги остава сами пред прескапите кредити и недостапните кирии. Левица оценува дека се потребни итни и конкретни мерки за надминување на состојбата. Од партијата бараат јавно и достапно станбено домување, прогресивно оданочување на големите станбени портфолија и на празните станови, ограничување на шпекулативното купување, правила за краткорочно изнајмување, како и цел