Левица: Дизелот над 100 денари не смее да стане нова нормала, потребно е намалување на давачките, маржите и патарините
FinPortal.mk · 23.9.2026 г.
Цената на дизелот во Македонија достигна 104,50 денари за литар, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) повторно ја зголеми максималната малопродажна цена за цели 5,50 денари во само една недела. Според податоците изнесени од партијата Левица, на 11 август дизелот чинел 91,50 денари, што значи дека за нешто повеќе од еден месец поскапел за 13 денари. Од Левица предупредуваат дека ако дизелот над 100 денари стане новото нормално, последиците нема да останат само на бензинските пумпи. Од партијата оценуваат дека РКЕ повторно се однесува како нем набљудувач на сопствената регулација. „Комисијата секоја недела ја објавува максималната цена, но граѓаните од неа не слушаат што конкретно ќе направи за да го спречи ценовниот удар да се прелее врз целата економија. Напротив, додека цените растат, во структурата на дизелот остануваат значајни ставки за надоместоци, склад и трговска маржа. Самата актуелна пресметка покажува дека маржата и складот учествуваат со околу 6,9 денари во литар“, велат од Левица. Според партијата, дизелот е основен трошок за транспортот, земјоделството, градежништвото, дистрибуцијата и производството. Кога камионот плаќа поскапо гориво, поскапува транспортот, а кога поскапува транспортот, притисокот се префрла врз производите што секојдневно ги купуваат граѓаните. Токму затоа Левица бара РКЕ веднаш да го намали регулираниот надоместок за склад и трговската маржа, наместо повторно да ја префрла целата тежина врз граѓаните. Од Левица сметаат дека е потребна и привремена регулација на маржата, со која директно ќе се ублажи ударот од високите берзански цени. „Ако РКЕ има механизам да ја утврдува максималната цена, има и обврска да ги преиспита сите нејзини составни елементи кога ценовниот притисок станува удар врз стандардот“, порачуваат од партијата. Покрај мерките за горивата, Левица бара и намалување на патарините за 50 отсто за сите лиценцирани товарни и патнички превозници. Скапото гориво, како што велат, не смее преку транспортните трошоц