Левица бара законско право на платено породилно отсуство за земјоделките

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон со кој се бара индивидуалните земјоделки во земјава да добијат законски загарантирано право на платено породилно отсуство. Најавата ја соопшти раководителката на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) при Левица, Евгенија Станкоска, на денешната прес-конференција по повод Меѓународниот ден на руралната жена. Станкоска потсети дека истиот предлог-закон беше поднесен во 2023 година, но тогашната власт предводена од СДСМ не го усвои. Според неа, три години подоцна состојбата останува непроменета, бидејќи земјоделките и понатаму плаќаат придонеси во систем во кој не им се гарантирани основните права кога ќе станат мајки. Таа објасни дека Законот за работните односи не ги препознава индивидуалните земјоделки како лица во работен однос, со што им се ускратува правото на породилно отсуство и на боледување. „Наместо системско законско решение, државата воведе програма за финансиска помош со ограничен буџет и дополнителни услови. Во период од две години биле поднесени десет барања, од кои осум биле одбиени. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дискриминација и покренала судска постапка против Владата и Министерството за здравство“, рече Станкоска. Раководителката на АФЖ при Левица додаде дека земјоделското производство се соочува со високи трошоци и неизвесен откуп, а жените што учествуваат во него често немаат сопствен приход од својот труд. Според неа, во Македонија има над 38.000 регистрирани земјоделки, но формалната еднаквост не им носи економска сигурност кога ќе станат мајки. „Каква вредност има формалната еднаквост ако жените што учествуваат во производството на храна немаат економска сигурност кога ќе станат мајки? Затоа повторно го поднесуваме овој закон и бараме породилниот надоместок да биде загарантирано работничко право, а не привремена помош што зависи од добрата волја на министрите“, истакна Станкоска. Според најавеното, предлог-законот треба да обезбеди третман на индивидуалните земјоделки как

Левица бара законско право на платено породилно отсуство за земјоделките | FinPortal.mk

Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон со кој се бара индивидуалните земјоделки во земјава да добијат законски загарантирано право на платено породилно отсуст