Левица бара отстранување на трговските пречки за македонско овошје, зеленчук и вино на рускиот пазар
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Парламентарната делегација на Левица оствари средба со претставници на Комунистичката партија на Руската Федерација во Државната дума во Москва, на која централна тема беше односот меѓу Македонија и Руската Федерација. Приоритет на официјалните разговори беше обновувањето на пристапот до рускиот пазар за македонското овошје, зеленчук и вино, како и олеснувањето на снабдувањето со минерални ѓубрива и други земјоделски репроматеријали. На средбата учествуваа пратениците Дмитриј Георгиевич Новиков и Казбек Куцукович Тајсаев од КПРФ, а делегацијата на Левица ја сочинуваа Димитар Апасиев, Реџеп Исмаил – Хактан и Александар Симонов. Двете делегации договорија да покренат иницијативи преку своите пратенички групи и надлежните парламентарни комисии, со цел да се отпочне институционален процес за отстранување на пречките во билатералната земјоделска трговија. Од руската страна беше изразена подготвеност за соработка и за преземање конкретни чекори во рамките на надлежните државни органи. Од Левица оценуваат дека македонските земјоделци ја плаќаат цената на изгубениот пласман, скапите репроматеријали и неизвесниот откуп на реколтите. Последиците од нарушената трговија со Русија, како што велат, се надоврзаа на долгогодишните слабости на домашната владина земјоделска политика, несигурната поддршка и силната зависност на производителите од прекупците и откупувачите. Особено погодени, како што додаваат од Левица, се овоштарите, за кои рускиот пазар претставуваше значаен купувач. Ограничувањето на пласманот на јаболката и другото свежо овошје ги принуди производителите да бараат заменски пазари, да прифаќаат понеповолни услови или дел од родот да го насочуваат кон индустриска преработка. За градинарите, краткиот рок за продажба на сезонскиот свеж зеленчук дополнително го зголемува ризикот од пропаѓање на непродадениот род и ниските откупни цени. Отворањето дополнителни можности за извоз на македонското вино е значајно и за винариите и за лозарите, чија егзистенција зависи од сигу