Левица бара одговор од Град Скопје: со кој препарат, кога и со каков ефект се прскало против комарци
FinPortal.mk · 22.9.2026 г.
Партијата Левица го обвини Град Скопје дека упорно крие со што, дали навремено и колку ефикасно прскал против комарци во сезона кога западнонилската треска, според нивните тврдења, урива негативни рекорди. Од партијата соопштија дека поднеле жалба поради молкот на градската управа, откако, како што велат, и по официјално доставено барање не добиле никаков одговор. Според Левица, Македонија годинава не се соочува со вообичаена сезона на комарци, туку со состојба што Европскиот центар за превенција и контрола на болести ја квалификувал буквално како невидена епидемија на западнонилска треска во главниот град. Токму затоа, велат од партијата, побарале од Град Скопје не сувопарни соопштенија, фотографии и кратки видеа од авиони, туку документи и конкретни одговори. Меѓу барањата што Левица ги упатила до градските власти се кога е извршен секој третман, каде и на колкава површина, со кој препарат, концентрација и доза, колку литри или килограми навистина биле употребени, кој го контролирал извршувањето, што покажал ентомолошкиот мониторинг пред и по третманите, како и врз основа на кој критериум Градот прогласувал некој третман за успешен. Побарани се и фактурите, записниците и доказите за извршување, но, како што тврдат од партијата, повторно наишле на молк. Поради ваквото непостапување, Левица испратила и жалба до надлежната Агенција. Од партијата посочуваат и на временската рамка на сезонските третмани. Според нив, дел од третманите биле предвидени да започнат пред да бидат склучени договорите со извршителите. Кај авионското ларвицидно третирање, спецификацијата ја опфаќа сезоната уште од март, а кај терестичките третмани предвидениот период започнува пред склучувањето на договорот со ЦЈЗ Скопје. Според Левица, тоа само по себе отвора сосема легитимно прашање дали превентивната програма започнала во моментот кога требало или Градот влегол во сезоната со доцнење. Уште посериозно, велат од партијата, е прашањето со што и со каков ефект се прскало. Во јавниот оглас и тен