Левица бара нова служба во Министерството за одбрана за заштита на критичната инфраструктура, со ангажман на војници по 45 години
FinPortal.mk · 3.10.2026 г.
Левица предлага формирање посебна државна служба во рамките на Министерството за одбрана, која би ја обезбедувала критичната цивилна инфраструктура, а во неа би можеле да бидат ангажирани и професионалните војници кои по навршување 45 години повеќе не можат да продолжат како професионални војници во Армијата. Предлог-законот за критична инфраструктура беше образложен на седница на Законодавно-правната комисија од страна на пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил. Според Исмаил, со предложеното решение истовремено би се решавале два проблема – физичкото обезбедување на критичните објекти и понатамошното искористување на обучениот кадар од Армијата. Тој посочи дека во моментот постои недоволно физичко обезбедување на критичната цивилна инфраструктура, која или е доверена на комерцијален однос, односно на приватно обезбедување. „Имаме недоволно физичко обезбедување на критичната цивилна инфраструктура, или таа е доверена на комерцијален однос, односно на приватно обезбедување. Лично, како предлагач, сметам дека тоа не е добро затоа што одговорноста за вакви критични објекти би требала да биде јавна, односно на државните органи“, рече Исмаил пред членовите на комисијата. Според предлогот, новата служба би функционирала во рамките на Министерството за одбрана, но не би била дел од Армијата. Нејзина задача би била физичката заштита на критичната цивилна инфраструктура согласно однапред утврдени приоритети, планови и расположлив кадар. Како примери за инфраструктура од непосредно значење за секојдневното функционирање на граѓаните се посочуваат водоводните и комуникациските системи, како и други објекти од критично значење. Исмаил посочи дека вториот проблем што Левица сака да го реши е статусот на професионалните војници по навршувањето 45 години. „Другиот проблем е нерешениот статус на војниците кои по навршување 45 години немаат право повеќе да бидат дел од Армијата како професионални војници. Практично, решението кое го нудиме е поврзување на двата овие про