Лефков: Актуелниот парламентарен состав работи неуморно, Македонија предничи во усогласувањето со европската регулатива
FinPortal.mk · 30.9.2026 г.
Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, во гостувањето во емисијата „Колегиум“ на ТВ Алфа оцени дека усогласувањето на македонското законодавство со правото на Европската Унија е еден од клучните сегменти на европските интеграции, покрај дипломатскиот и политичкиот процес. Според него, актуелниот парламентарен состав работи неуморно на оваа задача, што, како што рече, било препознаено и во извештајот на Европската комисија. Лефков објасни дека патот кон Европа има повеќе струи, меѓу кои ја издвои дипломатската и политичката, за која најчесто се говори и којашто, како што оцени, е неизвесна и полна со непредвидливи критериуми. Од друга страна, како што наведе, една од струите е токму усогласувањето на македонското законодавство со законодавството на ЕУ, за што смета дека е конкретен и мерлив процес во кој законодавниот дом има централна улога. – Апсолутно, кога сме кај темпото на евроинтеграции, самиот пат за евроинтеграции, улогата на законодавниот дом, патот кон Европа има, би рекол, неколку струи. Едната од нив е дипломатската, политичката, за која најчесто говориме и којашто е, нели, неизвесна, би рекол за жал, полна со непредвидливи критериуми, меѓутоа една од струите е усогласување на македонското законодавство со законодавството на ЕУ – рече Лефков. Тој додаде дека, според него, актуелниот парламентарен состав работи интензивно на усогласувањето на законите со европското законодавство и дека тоа било препознаено и во извештајот на Европската комисија. Според неговите зборови, Македонија предничи во реформите коишто се однесуваат на усогласување со европската регулатива, што е резултат на работата на Собранието и на начинот на кој се носат законите. – Нешто за што можам да ве уверам и вас и македонската јавност дека парламентарниот состав, овој парламентарен состав, работи неуморно и тоа беше признаено од страна на Европската комисија и во извештајот и во тоа што Македонија предничи во реформите коишто се однесуваат, нели, на усогласу