Леао ја презеде „седумката" на Роналдо за дуелот со Данска

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Португалската фудбалска репрезентација ќе настапи без својот капитен Кристијано Роналдо на гостувањето кај Данска во Лигата на нации, а неговата препознатлива „седумка" на теренот во Копенхаген ќе ја носи Рафаел Леао. Информацијата ја потврди УЕФА во официјалниот список за натпреварот, со што за крилниот напаѓач тоа ќе биде првпат да го облече бројот што со години е синоним за Роналдо во репрезентацијата. Ситуацијата во португалскиот камп ескалирала откако Роналдо не добил шанса за настап против Норвешка, по што незадоволен го напуштил теренот и се упатил кон соблекувалната уште пред завршувањето на натпреварот. Капитенот потоа демонстративно го напуштил репрезентативниот камп пред дуелот со Данска, по новата епизода од несогласувањата со селекторот Жорге Жезус. Роналдо не се појавил ниту на тренингот пред гостувањето во Копенхаген. Иако по итниот состанок со Жезус и претседателот на Португалската фудбалска федерација, Педро Проенса, се чинело дека тензиите се смирени, ситуацијата повторно се влошила. Жезус на прес-конференцијата порача дека ниту еден фудбалер не е поважен од тимот. Набрзо потоа Роналдо го напуштил кампот, па Португалија на гостувањето кај Данска ќе биде без својот капитен, рекордер по бројот на настапи и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата. Роналдо за националниот тим настапува од 2003 година, има 234 репрезентативни настапи и постигнато 146 гола. Со Португалија освои европска титула во 2016 година и две изданија на Лигата на нации. Неговото отсуство од теренот сепак не значи и отсуство на неговиот број, бидејќи УЕФА потврди дека „седумката" ќе ја носи Леао. Пред него, Португалецот ја презеде „седумката" од Луис Фиго, а во периодите кога не настапуваше Роналдо, бројот го носеа Франсиско Тринкао, Педро Нето и Гонзало Гуедеш. Интересно е што токму Леао во последниот период нема стандардна улога во стартниот состав на Португалија. Од последните седум натпревари на репрезентацијата, само еднаш започнал како стартер – против Хрватска на С

Леао ја презеде „седумката" на Роналдо за дуелот со Данска | FinPortal.mk

Португалската фудбалска репрезентација ќе настапи без својот капитен Кристијано Роналдо на гостувањето кај Данска во Лигата на нации, а неговата препознатлива „