ЛДП: Владата ветува дигитализација, а во исто време вработува илјадници партиски кадри
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Либерално-демократската партија (ЛДП) денеска остро ја обвини Владата дека за само еден ден ги демантирала сопствените најави за намалување на администрацијата, откако премиерот Христијан Мицкоски на гламурозна презентација ја најавил апликацијата „мУслуги“ со ветувања за помалку шалтери, помалку хартиени документи и дигитализација, додека истовремено Владата, како што тврдат од партијата, „шверцува одлуки за масовно трајно вработување на илјадници луѓе во јавната администрација“. Од ЛДП соопштија дека ова е „дрско безобразие, лицемерие и отворено потценување на интелигенцијата на македонските граѓани“ и поставија прашање каква е таа дигитализација во која, како што велат, се укинуваат шалтерите, а истовремено се бараат „нови десетици илјади измислени работни места во државните канцеларии“. „Кого мислите дека манипулирате, кога за само 24 часа сами си ги демантиравте сопствените пропагандни бајки?“, се прашуваат од ЛДП во соопштението, обвинувајќи ја Владата дека најавите за реформи се само параван зад кој се крие „брутално пумпање на јавната администрација со партиска војска пред избори, директно на грбот и на трошок на народот“. Од партијата предупредуваат и на фискалните последици од ваквата политика, поставувајќи го прашањето колку десетици милиони евра ќе чини тоа „лудило“ и тоа од, како што велат, празниот буџет. „А народот е пред банкрот!“, се наведува во соопштението. Според ЛДП, додека целиот развиен свет инвестира во вештачка интелигенција, автоматизација и помала, побрза и поефикасна држава, оваа Влада, како што тврдат, ја враќа земјата во „најцрните времиња на партискиот клиентелизам и цицање на буџетот“. „Властите го стегаат ременот на граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај, а ги шират редовите на непродуктивната партиска машинерија“, заклучува Боби Мојсоски, поранешен пратеник во Собранието и генерален секретар на ЛДП. Од Либерално-демократската партија порачуваат „доста со евтините театри и паралелните реалности“ и нагласуваат дека државата не е па