ЛДП: Владата да објави колку чини мисијата на Фетаи во Брисел

FinPortal.mk · 21.9.2026 г.

Либерално-демократската партија (ЛДП) побара од Владата јавно и транспарентно да соопшти која е специјалната мисија на екс-вицепремиерот Фетаи во Брисел, што тој дополнително ќе работи вон постоечките капацитети и какви се очекувањата за успех на неговата мисија. Од партијата оценуваат дека јавноста има право да дознае што точно претставува функцијата „специјален претставник на Владата“ при Европската Унија, кога државата веќе има свој највисок претставник со титула амбасадор при ЕУ и цела амбасада во Брисел. Според ЛДП, неработникот и недоаѓач на работа, екс-вицепремиер, наместо казна и вратени пари за незаработената плата, добил унапредување и измислена функција во Брисел како „специјален претставник на Владата“ при ЕУ. Од партијата велат дека тоа е сè што јавноста дознала, додека цените растат побрзо од платите и додека над 70.000 денари се потребни за основни трошоци за еден месец. „Владата се луксузира и се расфрла со пари исцицани од народот за задоволување на лични хирови и договори“, велат од ЛДП. Од партијата поставуваат низа прашања до Владата: нели се добри и доволни амбасадорот и сите дипломати во Брисел, зошто е потребна дополнителна специјална функција, и што е тоа што специјалниот претставник ќе го работи вон постоечките капацитети. ЛДП потсетува и дека оваа Влада измислила цело ново Министерство за европски работи, а со тоа и заменик министер и државен секретар, платени скапо од народот, со цели кабинети, возила, службени трошоци и куп други вработени. „Па нели им е работа на нив да бидат често во Брисел и да не претставуваат при ЕУ покрај веќе честото присуство на министерот за надворешни работи исто во Брисел и исто во ЕУ?“, прашуваат од ЛДП. Од партијата бараат граѓаните да добијат одговор и на прашањето колку точно месечно ги чини оваа „специјално измислена мисија на расфрлање на пари“ за плати, надоместоци, трошоци и слично. Според ЛДП, потребно е јавноста да знае дали специјалниот претставник работи согласно законот и му е подреден на амбасадор

ЛДП: Владата да објави колку чини мисијата на Фетаи во Брисел | FinPortal.mk

Либерално-демократската партија (ЛДП) побара од Владата јавно и транспарентно да соопшти која е специјалната мисија на екс-вицепремиерот Фетаи во Брисел, што то