ЛДП: Политиката сè уште дебатира за работна сила, а светот веќе одбира вештачка интелигенција
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Додека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со дебати за потребата од странски работници во Македонија до 2030 година, Либерално-демократската партија (ЛДП) предупредува дека во јавната расправа целосно се занемарува прашањето за вештачката интелигенција и автоматизацијата. Во соопштение до јавноста, партијата оценува дека наместо политички препукувања и лицитирање со бројки за потребната работна сила, на државата ѝ е потребна долгорочна стратегија за развој на технологијата и подготовка на институциите и граѓаните за промените што ги носи новото време. Според ЛДП, клучното прашање во моментов не е само колку работници ќе ѝ недостигаат на земјава во 2030 година, туку и колку работни места ќе се променат под влијание на новите технологии. Партијата посочува дека вештачката интелигенција може да автоматизира голем број административни задачи и да придонесе за поефикасна работа на институциите, што според неа е аспект кој целосно изостанува од актуелната политичка дебата. Од ЛДП сметаат дека дигитализацијата може да помогне во надминувањето на проблемите со партизацијата, неефикасноста и лошото управување, нагласувајќи дека технологијата треба да им служи на граѓаните, а не на партиските интереси. Партијата ги повика ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ да ги надминат, како што наведува, застарените политички пристапи и да понудат конкретни решенија за иднината. Според ЛДП, потребни се инвестиции во знаење, дигитални вештини, современи институции и нови технологии, наместо средства за партиски институти и продолжување на политичките препирки. „21 век одамна започна. Време е и македонската политика да пристигне во него“, порачуваат од партијата. Соопштението на ЛДП доаѓа во момент кога двете најголеми партии во земјата водат жестока расправа за тоа колку странски работници ќе бидат потребни на државата во следните години, но без да отворат прашање за тоа како автоматизацијата и вештачката интелигенција ќе го преобликуваат пазарот на трудот. Партијата смета дека ваквиот пристап е кратковиде