ЛДП: Дупката во буџетот е резултат на неспособност и аматеризам, а не на нафтената криза

FinPortal.mk · 6.10.2026 г.

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја обвини Владата дека ја манипулира јавноста со тврдењата за наводна буџетска дупка предизвикана од нафтената криза, наместо да ја признае сопствената неспособност и аматеризам во управувањето со јавните финансии. Според партијата, реалните пресметки покажуваат дека дупката од даноците за горива е во најдобар случај половина од она што го тврди премиерот Христијан Мицкоски, додека сите останати десетици милиони евра се резултат на катастрофално менаџирање со буџетот, потфрлање во собирањето на буџетските приходи и зголемени, неконтролирани трошоци. Од ЛДП соопштија дека по деталната анализа што економските експерти на партијата ја направиле во текот на викендот врз основа на изјавите на премиерот Мицкоски, јавноста мора да ја дознае вистината. Тврдењата на Владата дека е потребен нов ребаланс на Буџетот поради наводна дупка од 115 до 130 милиони евра, односно 7 до 8 милијарди денари, настаната од намалената акциза и ДДВ-то за горивата, според ЛДП се целосно неточни, манипулативни и далеку од реалноста. „Бројките не се на страна на премиерот. Реалните пресметки покажуваат дека дупката од даноците за горива е во најдобар случај половина од тоа што се тврди. Сите останати десетици милиони евра се резултат на катастрофално менаџирање со буџетот, потфрлање во собирањето на буџетските приходи и зголемени, неконтролирани трошоци“, соопштија од ЛДП. Според партијата, експертите и познавачите имаат повеќе од јасни причини да не веруваат во фикциите на Владата. ЛДП оценува дека толкава буџетска дупка и потребата од втор ребаланс за само неколку месеци не се последица на надворешни кризи, туку се директен одраз на лошо планирање, лошо менаџирање и неспособност. „Ваквиот аматеризам, дилетантизам и драстично потфрлање во буџетските калкулации мора јавно да се признаат како грешка врз која ќе се учи или ќе се побара совет. Грешките и некадарноста не се поправаат со маскирање зад изјави за наводно несобрани даноци поради нафтената криза. Граѓ

ЛДП: Дупката во буџетот е резултат на неспособност и аматеризам, а не на нафтената криза | FinPortal.mk

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја обвини Владата дека ја манипулира јавноста со тврдењата за наводна буџетска дупка предизвикана од нафтената криза, наме