ЛДП бара одговорност: музеите во Крушево затворени за јавноста, а прашањата за новото раководство остануваат отворени
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Либерално-демократската партија (ЛДП) јавно побара одговорност за состојбата на музејската дејност во Крушево, откако случајот со изнајмувањето на споменикот „Македониум“ за снимање музички спот за околу 500 евра ја отвори пошироката тема за односот на власта кон македонското културно и историско наследство. По реакциите во јавноста, директорот на НУ Историски музеј – Крушево, Миха Оџаклиески, поднесе неотповиклива оставка, но од ЛДП предупредуваат дека со заминувањето на еден директор не завршуваат и проблемите на музејската дејност во градот. Според информациите со кои располага партијата, на местото на Оџаклиески е назначена Даниела Стоиловска за в.д. директорка. ЛДП прашува според кои критериуми се врши изборот на раководни лица во институциите од национално значење и дали нивните стручни квалификации одговараат на одговорноста што ја носат овие функции. Партијата оценува дека е позагрижувачка состојбата со музејските објекти во Крушево, бидејќи Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република е затворен за посетители, Музејот на НОБ не е достапен за јавноста, а Леарницата работи само со претходна најава, според информациите објавени на официјалните страници на музејската установа. Од ЛДП порачуваат дека Крушево не смее да биде град во кој историското наследство постои само на хартија, додека музеите остануваат недостапни за граѓаните, учениците и туристите. Затоа партијата бара од Министерството за култура и туризам и од надлежните институции јавно да одговорат каква е актуелната состојба со секој од музејските објекти во Крушево и кога ќе бидат ставени во функција музеите што се затворени за посетители. ЛДП, исто така, бара одговор на прашањето кои критериуми се применети при назначувањето на новата в.д. директорка и кои се нејзините стручни квалификации, како и каков е планот за заштита, реконструкција и редовно одржување на музејското наследство. Партијата поставува и прашање кој ќе преземе одговорност за долгогодишната недостапност на овие културни