ЛДП бара главните партии да вратат четири милиони евра: „Не во наше име
FinPortal.mk · 3.10.2026 г.
Либерално-демократската партија (ЛДП) упати остро соопштение до јавноста во кое бара „главните партии“ веднаш да им ги вратат парите на граѓаните, односно сите четири милиони евра што се издвојуваат за финансирање на политичките партии. Од партијата сметаат дека овие средства не смеат да служат за ширење омраза и меѓусебно понижување, туку дека граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај не треба дополнително да одвојуваат од својот џеб за да ги финансираат политичките пресметки. Во соопштението се наведува дека она што го прават СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, од највисоко ниво, од нивните лидери преку партиските соопштенија, е дегутантно. Според ЛДП, на секој граѓанин и на секој образован човек му се превртува во утробата кога ги гледа и слуша секојдневните меѓусебни пресметки. Партијата изразува длабоко огорчување и најостар протест против, како што вели, тоталната деградација на јавниот говор и политичката дебата во земјата. Од ЛДП потсетуваат дека кога еден лидер на помала партија почнал да го користи овој ужасен речник, наместо сите да го осудат и изолираат, сега и „главните партии“ почнале да го практикуваат. Според партијата, јавниот простор е преплавен со навреди, каде што нормалниот разговор е заменет со токсични квалификации и епитети како „лажго“, „арамија“, „мекотел“, „безрбетен“, „квинслинг“, „душман“, „предавник“, „крвник“, „измеќар“, „пион“, „вазал“, „анароден“, „профитер“, „рекетар“, „клептоман“, „талог“ и „идиот“. Од партијата оценуваат дека ваквите кафански муабети можат само да ја уништат државата, а не да ја направат развиена. ЛДП нагласува дека наместо понуда на идеи, економски развој, реформи во образованието и подобрување на животниот стандард, граѓаните се принудени секојдневно да бидат сведоци на најнизок примитивизам. Токму затоа партијата бара „главните партии“ веднаш да им ги вратат парите на граѓаните, односно сите четири милиони евра што се земаат за финансирање на политичките партии. Според ЛДП, граѓаните не можат да врзат крај со крај, а уште мора