Лазаров го објави поширокиот список за квалификациите, Дмитро Горига доби повик за националниот дрес
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Селекторот на македонската машка сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари на кои ќе смета за претстојната ЕХФ недела, кога Македонија го започнува квалификацискиот циклус за пласман на следното Европско првенство. Најголемото изненадување на списокот е името на Дмитро Горига, кој доби официјален повик да биде дел од националниот тим. Македонија квалификацискиот циклус го отвора со две пресметки — најпрво на домашен терен ја пречекува селекцијата на Луксембург, по што следува гостување кај репрезентацијата на Грција, кое традиционално се смета за еден од најтешките натпревари во групата. Токму за овие две средби Лазаров го направи изборот на играчи на кои ќе смета. Појавувањето на името на Дмитро Горига на списокот одекна како апсолутно најголемото изненадување во ракометната јавност. Некогашниот бек на Вардар во моментов ги брани боите на унгарскиот гигант Пик Сегед, а со добиениот повик треба да стане првиот натурализиран ракометар во поновата ера кој ќе го облече македонскиот дрес. Неговите физички предиспозиции, разорниот удар од далечина и способноста да игра квалитетно во двата правци, според оценката на стручниот штаб, ќе бидат огромно засилување за надворешната линија на Лазаров во пресрет на квалификациските битки. Како и на претходните собири, селекторот се потпира на силна база од домашното првенство, при што доминираат ракометарите на Алкалоид и шампионот Еурофарм Пелистер, надополнети со играчи од Вардар и Охрид. Од интернационалците, покрај Горига, на списокот се најде и искусниот голман Мартин Томовски, кој настапува во германската Бундеслига за Битигхајм. Меѓу голманите Лазаров смета на Мартин Томовски од Битигхајм, Васил Гогов од Вардар 1961, Никола Митревски од Еурофарм Пелистер, како и на Иван Галевски и Марко Кизиќ од Алкалоид. На позицијата лев бек се најдоа Филип Кузмановски и Павле Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер, Дмитро Горига од Пик Сегед, Филип Талевски од Охрид и Емилијан Ѓоргоски од