Ласкарци по седум години: случајот се враќа во Апелација, Врховниот суд ја укина второстепената пресуда

FinPortal.mk · 19.9.2026 г.

Седум години по автобуската трагедија кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а десетици беа повредени, судскиот предмет повторно се враќа пред Апелациониот суд. Врховниот суд ја укина правосилната второстепена пресуда, со што случајот влегува во нова фаза, потврдувајќи дека еден од најдолгите и најтешките судски процеси за сообраќајна несреќа во Македонија сè уште не е завршен. Одлуката на Врховниот суд, сепак, не значи дека шестемина обвинети се прогласени за невини. Највисоката судска инстанца утврдила дека Апелација не дала доволно конкретни одговори за тоа како дејствијата или пропустите на секој од осудените поединечно придонеле за несреќата и врз кои докази се темели таковит заклучок. Со тоа, предметот се враќа на повторно разгледување, со барање за прецизно утврдување на индивидуалната одговорност на секој обвинет. Досегашниот тек на постапката опфати повеќе од сто судски рочишта, вештачења и супервештачења, шест осудителни пресуди и вкупно 53 години затвор изречени на обвинетите. Токму овие бројки ја отсликуваат тежината и сложеноста на случајот што веќе седум години ја окупира јавноста и судскиот систем. Кобниот настан се случи попладнето на 13 февруари 2019 година, кога автобус на „Дурмо турс“, кој сообраќал на редовната линија Скопје – Гостивар со 55 патници, ја пробил заштитната ограда на автопатот Скопје – Тетово. Автобусот преминал на спротивната страна од коловозот, излетал од патот и се превртел кај селото Ласкарци. Првично беше потврдена смртта на 13 лица, а голем број патници со тешки повреди беа пренесени во скопските болници. Обвинителството уште истиот ден започна увид, нареди обдукции, вонреден технички преглед на автобусот и анализи на крв и урина од возачот. Само три дена подоцна, на 16 февруари 2019 година, на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување почина уште еден од тешко повредените патници, со што бројот на загинати се зголеми на 15. Трагедијата ја зеде и 16-тата жртва на 20 март 2019 година, кога по речис

Ласкарци по седум години: случајот се враќа во Апелација, Врховниот суд ја укина второстепената пресуда | FinPortal.mk

Седум години по автобуската трагедија кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а десетици беа повредени, судскиот предмет повторно се враќа пред Апелациони