Лашкоска: Новите еколошки обврски за индустријата почнуваат во септември 2027 година, без одложување
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Законот за контрола на индустриски емисии ќе почне да се применува од септември 2027 година и нема да има одложување на обврските што произлегуваат од него. Ова го порача заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска на панелот „Рударство, развој и животна средина“, одржан во рамки на Стручното советување со меѓународно присуство ПОДЕКС–ПОВЕКС во Охрид. Според Лашкоска, за опфатените рударски и индустриски капацитети тоа значи усогласување со еколошките барања преку условите во дозволите, примената на најдобрите достапни технологии и следењето на емисиите. Таа нагласи дека средбите со сопствениците и менаџерите на индустриски капацитети, што Министерството ги реализирало изминатиот период, покажале дека компаниите се многу добро запознаени со новите законски одредби. Потребните приспособувања ќе зависат од нивната дејност и технологија, а може да опфатат вложувања во производствените процеси и опремата за намалување на загадувањето. Заменик-министерката нагласи дека економското значење на рударството не ја намалува обврската за заштита на животната средина и најави посилен надзор околу примената на Законот за животна средина од страна на рударските и генерално индустриските субјекти. „Во ова законодавство се наметнува транспарентно информирање на јавноста, вклучување на јавноста во донесувањето на политиките, а многу важен е и мониторингот и инспекцискиот надзор. Она што можам да го ветам е уште позајакнат надзор во наредниот период“, изјави Лашкоска на панелот. Во рударските средини, спроведувањето на прописите е поврзано и со односот меѓу компаниите и населението. Градоначалникот на Пробиштип и поранешен директор на рудник, Тони Тоневски, во истата панел дискусија го истакна значењето на постоењето на активен концесионер кој инвестира во заедницата и придонесува за локалниот економски развој. Довербата, според него, бара транспарентност и отворено соочување со проблемите. „Довербата можеме да ја вратиме ако сите ние, и инвеститорите, т