Лацио со шест гола го декласираше Сасуоло и остана сам на врвот во Серија А
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Фудбалерите на Лацио одиграа најдобра партија сезонава и го совладаа Сасуоло со убедливи 2-6 во натпреварот од деветтото коло на италијанската Серија А, одигран вечерва во Реџо Емилија. Римјаните постигнаа шест гола против противник кој сезонава веќе го совлада Јувентус и одигра нерешено со Милан, со што повторно се осамија на врвот на табелата со 25 бода. Иако многумина очекуваа дека тимот на Џенаро Гатузо ќе го загуби ритамот, Лацио продолжува да гази сè пред себе во Серија А и игра во петта брзина, без намера да застане. Римјаните, сепак, можеа да слават и многу поубедливо, бидејќи промашија два пенали и не реализираа уште неколку големи шанси. Публиката во Реџо Емилија проследи неверојатно прво полувреме со дури шест погодоци. Гостите од Рим поведоа уште во втората минута преку расположениот холандски играч за врска Кенет Тејлор. Сасуоло брзо возврати — во седмата минута Доиг од левата страна го проигра Торствед, кој со удар од околу 14 метри израмни на 1-1. Сепак, радоста на домаќините траеше кратко. Лацио возврати со молскавичен налет и за само три минути постигна два гола. Во 13. минута Густав Исаксен со одличен удар со левата нога од 15 метри донесе предност од 1-2, а три минути подоцна Римјаните изведоа перфектна транзиција — Тејлор асистираше, а Флоријани од непосредна близина ја затресе мрежата за убедливи 1-3. Ситуацијата за Сасуоло дополнително се искомпликува во 31. минута, кога стрелецот на израмнувачкиот гол Торствед доби црвен картон и го остави својот тим со играч помалку. И покрај тоа, домаќините успеаја да ја намалат негативата во 43. минута преку Себастијан Еспозито, кој погоди за 2-3. Но, Лацио не дозволи неизвесноста да потрае — во првата минута од судиското продолжение на првиот дел, по центаршутот на Исаксен, Матија Закани со удар со глава од шест метри зголеми на 2-4. Во второто полувреме следуваше целосна доминација на гостите, кои можеа да стигнат и до двоцифрен број голови доколку беа поконцентрирани во завршницата. Закани во 50. минута