КЗК даде зелено светло: Проекс Интернационал го презема Тинекс Маркет
FinPortal.mk · 20.9.2026 г.
Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) го одобри преземањето на малопродажниот бизнис на Тинекс Маркет од страна на косовската компанија Проекс Интернационал Л.Л.Ц, со што се отвора патот маркетите под брендовите Тинекс, Супер Тинекс, Тинекс Деликатес, Конто и Спот да преминат во нови раце. Со оваа одлука всушност се затвора едно 34-годишно поглавје во кое Владимир Тодоровиќ беше основач и сопственик на Тинекс. Во решението на КЗК се наведува дека концентрацијата со која Проекс Интернационал има намера да стекне контрола врз Друштвото за трговија на мало Тинекс Маркет ДООЕЛ Скопје, иако потпаѓа под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата, нема да има за последица значително спречување, ограничување или нарушување на ефективната конкуренција на пазарот или на негов суштински дел. Како што се посочува во образложението, тоа особено се однесува на можноста за создавање или зајакнување на доминантната позиција на учесниците, поради што трансакцијата е оценета како согласна со одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата во смисла на член 19 став (1) точка 2). Според решението на КЗК, нема регулаторна пречка за реализација на договорената зделка, која на косовската компанија ѝ обезбедува влез на македонскиот пазар. Како што е наведено во документот, Проекс и компаниите од групацијата на која ѝ припаѓа немаат поврзани субјекти регистрирани во Македонија, ниту пак оствариле приходи на македонскиот пазар во 2025 година. Тоа значи дека компанијата купувач досега не била присутна на домашниот пазар на малопродажба. Од КЗК потврдуваат дека на 2 јули годинава Тинекс-МТ како продавач и Проекс Интернационал како купувач потпишале писмо за намери и рамка за трансакцијата, односно ги утврдиле главните комерцијални услови и структурата на планираното преземање. Предмет на трансакцијата е малопродажниот бизнис на Тинекс-МТ, а Тинекс Маркет е новото правно лице кое е регистрирано на 14 јули годинава, или само 12 дена по потпишувањето на писмото за намери. Според