Кузеска: По падот на Орбан и Вучиќ, на ред е Мицкоски

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека со падот на унгарскиот премиер Виктор Орбан и српскиот претседател Александар Вучиќ, доаѓа крајот и на она што таа го нарече „балкански картел“, а како следен на ред го посочи премиерот Христијан Мицкоски. Според неа, Македонија наскоро ќе биде ослободена од „канџите на оваа организација“ и повторно ќе биде слободна земја, медиумите ќе бидат слободни, народот ќе ја слушне вистината, а правдата ќе биде задоволена. Кузеска ова го изјави во контекст на случувањата во Србија, каде што, како што рече, граѓаните гледаат што се случува со режимските телевизии „Информер“ и „Пинк“. Таа нагласи дека, за среќа, сè завршило без посериозни последици и потсети дека Студентската листа се оградила од упадот и повикала на смирување и институционална разврска. Според неа, пораката била јасна – народот повеќе не ја прифаќа лажната реалност што му била сервирана со години. Портпаролката на СДСМ обвини дека години наназад, преку лажни вести, навреди, клевети и непрекината пропаганда, Драган Вучиќевиќ и Жељко Митровиќ го хранеле гневот на граѓаните. Таа наведе дека Вучиќевиќ, како главен пропагандист на Вучиќ, го викал народот „усташи“ и „терористи“, а студентската листа ја нарекувал „силувачко-секташка листа“, додека Митровиќ го држел „Пинк“ како лична телевизија на режимот. Според Кузеска, истиот рецепт се гледа и во Македонија. Таа изјави дека Латас и Ивона Талевска се пандан на тоа дуо. Латас, како што рече, е човек со години во служба на српската државна безбедност, БИА и Вучиќ, и е „началник“ на Мицкоски за пропаганда, кој управува со сите „Орбан-Вучиќ медиуми“ во Македонија. Ивона Талевска ја опиша како уредничка на Алфа ТВ и на Еуроњуз со лиценца од Вучиќ. Кузеска тврди дека двајцата се чести гости во кабинетот на Александар Вучиќ во Белград, каде со години ги запишувале барањата на режимот, и дека користат ист метод – „колку погласно и појако, толку повеќе ќе стане вистина“. Таа додаде дека Латас и

Кузеска: По падот на Орбан и Вучиќ, на ред е Мицкоски | FinPortal.mk

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека со падот на унгарскиот премиер Виктор Орбан и српскиот претседател Александар В