Кузеска: Падот на Вучиќ ќе ги открие врските на Мицкоски со српската власт
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Падот на Александар Вучиќ на изборите во Србија ќе отвори истраги што, според СДСМ, ќе ги разоткријат наводните криминални и деловни врски меѓу српската власт и премиерот Христијан Мицкоски. На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, изнесе серија обвинувања за енергетски бизниси, банки, медиумско влијание, политички партии и организиран криминал. „Историската победа во Србија го донесе падот на Александар Вучиќ, менторот на Христијан Мицкоски. Како што најавивме, доаѓа време за размонтирање на балканскиот криминален октопод и одговорност“, изјави Кузеска. Таа тврди дека изборниот исход во Србија ќе овозможи отворање истраги за бизнис-мрежи што, според СДСМ, се поврзани со Мицкоски. Во тој контекст ги спомена Адамовиќ, „Руднап“, министерката Сања Божиновска, како и бизнисите со електрична енергија и броила. Кузеска повторно го отвори и случајот со пет тони дрога, тврдејќи дека наркотиците поминале од Македонија во Србија и завршиле кај структури поврзани со Српската напредна странка (СНС), без досега да има одговорност. „Се објавуваат информации за тоа кој е „Оскар“ во преписките на наркобосовите од платформа „Скај“. Допрва ќе почнат истрагите во Србија а тоа ќе доведе и до линковите во Македонија“, рече Кузеска. Од СДСМ ја споменаа и „Алта банка“, обвинувајќи дека нејзиното присуство во Македонија е дел од поширока финансиска поврзаност со Србија. Кузеска тврдеше дека банката била запрена во Европа и дека во Македонија се применува истиот модел на вложување капитал, но на прес-конференцијата не беа приложени конкретни документи за овие тврдења. Дел од обвинувањата беа насочени и кон медиумите. Кузеска ги посочи Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска како учесници во, според неа, организирана негативна кампања против СДСМ и партискиот претседател Венко Филипче. Таа ги спомена и српските медиумски брендови „Еуроњуз“ и „Ало“, како и наводната употреба на бот-мрежи и дигитални платформи поврзани со СНС за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Кузеск