Кузеска: Осудениот Симе е на слобода, повторно се појавува со Мицкоски и наводно работи за ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција изнесе сериозни обвинувања против лице иницирално познато како С.З., односно Симе, за кое тврди дека е осудено, но дека не се наоѓа во затвор, туку повторно е во друштво на премиерот Христијан Мицкоски. Според Кузеска, СДСМ објавил нова фотографија на која, како што наведе, Симе е заедно со премиерот додека тој дава изјава, што според партијата претставува директен доказ дека лицето е на слобода и покрај тврдењата за неговата осуда. Кузеска тврди дека Симе работи за ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница и побара одговор од надлежните институции за неговиот правен статус. Таа потсети дека СДСМ претходно објавил повеќе фотографии и видеоснимки на кои, според партијата, Симе е во друштво на Мицкоски за време на активности на терен, што дополнително ги засили сомнежите дека лицето ужива заштита од актуелната власт. Портпаролката на СДСМ се осврна и на случајот во кој, според нејзините тврдења, Симе бил уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари. Таа го поврза случајот и со запленувањето на пет тони дрога во Србија, во близина на Крушевац, во селото Коњух, наведувајќи дека апсењето на Симе се случило во истиот период, што според неа укажува на сериозни безбедносни импликации. „Институциите молчат. Мицкоски никогаш не одговори на прашањата. Сега истиот Симе е на слобода, го гледаме на нови слики со Мицкоски. Одговорност нема“, порача Кузеска на прес-конференцијата, обвинувајќи ја актуелната власт за заштита на лица за кои тврди дека се поврзани со криминал. Кузеска изрази и сомневање дека Симе е пуштен на слобода за да врши притисоци и да упатува закани во Брвеница. Од СДСМ оценуваат дека случајот потсетува на периодот на владеењето на Никола Груевски и Сашо Мијалков, при што ја обвинија актуелната власт за заштита на лица поврзани со криминални активности. Од партијата бараат Обвинителството веднаш да ги испита околностите и да одговори на три прашања: зошто Симе не е во затвор, ко

Кузеска: Осудениот Симе е на слобода, повторно се појавува со Мицкоски и наводно работи за ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница | FinPortal.mk

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција изнесе сериозни обвинувања против лице иницирално познато како С.З., о