Кузеска: Мицкоски бара помош од НАТО за Ива, а молчи за екстрадицијата на Груевски

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека се обидува да го заташка случајот со пуштањето на Ива Михаиловска, додека истовремено не презема чекори за ново барање за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија. На прес-конференција, Кузеска оцени дека случајот со Ива Михаиловска открил договор што, според неа, бил направен зад затворени врати во Софија. „Муцунски договори, Тошковски ја пушти, Мицкоски одобри, границата е швајцарско сирење, а одговорност нема“, изјави Кузеска. Таа посочи дека Мицкоски најавил оти за случајот со Ива Михаиловска ќе се жали пред НАТО и европските партнери, но праша зошто со иста решителност не бара враќање на Никола Груевски од Унгарија. „Ива е осомничена, ама Груевски е осуден. Каде е најавеното ново барање за екстрадиција на Груевски?“, праша Кузеска. Според неа, во мај, пред четири месеци, Владата најавила дека ќе поднесе ново барање за екстрадиција откако ќе ја комплетира документацијата. Таа посочи дека потоа било објаснувано оти се собираат потребните документи, а подоцна и дека се чека формирање нова влада во Унгарија. Кузеска тврди дека и по четири месеци ново барање за екстрадиција на Груевски не е испратено, оценувајќи го тоа како уште една лага на Мицкоски. „Вистината е дека тој го штити Груевски и не сака да бара екстрадиција. Времето потврдува дека Мицкоски сè што ќе каже – лаже“, изјави таа. Во однос на случајот со Ива Михаиловска, Кузеска порача дека премиерот треба да одговори на прашањата во земјава, наместо да ја префрла одговорноста на други. „Пред да се жали за некој друг, Мицкоски мора да ги даде одговорите дома. Не „кога тогаш“, туку сега. Не да го штити Тошковски, не да ја заменува одговорноста“, рече Кузеска. Таа нагласи дека правдата и законот мора да важат подеднакво за сите и порача дека, според СДСМ, сите инволвирани во случајот треба да понесат одговорност. Кузеска ја поврза најавата на премиерот за жалба пред НАТО со не

Кузеска: Мицкоски бара помош од НАТО за Ива, а молчи за екстрадицијата на Груевски | FinPortal.mk

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека се обидува да го заташка случајот со пуштањето