Куповната моќ пред една деценија и денес: што можеше да се купи со просечна плата и пензија
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Во септември нема забележана инфлација во однос на август, но сите извештаи за берзанските производи, а особено за енергентите, укажуваат дека инфлацијата може повторно да „чука на врата“. Од Евростат стигнуваат разочарувачки вести дека инфлацијата во еврозоната значително забрза во септември и достигна 3,8 насто, што е највисоко ниво во последните три години. Бидејќи Македонија е увозно зависна земја, случувањата со цените во Европа укажуваат на тоа дека нови ценовни поместувања се сè поизвесни. Анализата на куповната моќ во текот на изминатата деценија покажува дека таа од релативна стагнација премина во период на високи инфлации, но и со истовремен релативно висок раст на платите и пензиите. Споредбената анализа на цените на основните прехранбени производи и на тоа колку од нив можело да се купат со една просечна плата, односно пензија, пред 10 години во споредба со денес, открива значителни разлики. Државниот завод за статистика објавува годишни извештаи со просечни цени, што овозможува враќање една деценија наназад. За сегашните цени, направено е истражување низ маркетите и е пресметан сопствен просек. Од податоците може да се види дека помали разлики има кај оризот, гравот и шеќерот. Цената на кафето буквално е удвоена – од некогашните неполни 400 денари за еден килограм, на сегашни 800 денари. Повеќе од двојно повисока е сегашната цена на јунешкото месо. Ако некогаш јунешкото месо со коски чинеше 325 денари за килограм, сега чини 750 денари. Цената на млекото е зголемена, но на млечните производи растот е поголем од тој на суровината. Вистинската слика за тоа колку растот на цените влијаел врз животниот стандард се добива кога ќе се направи споредба колку можело да се купи со една плата од секој производ пред 10 години, а колку сега. Според последните податоци што ги има Државниот завод за статистика за просечната нето-плата, а тоа е за јули, таа изнесувала 48.499 денари. Во јули 2016 година, пак, просечната нето-плата била 22.334 денари. Математиката открива