Кунде не се жали поради клупата: „Тоа е предизвик што го прифаќам со задоволство

FinPortal.mk · 5.10.2026 г.

Францускиот фудбалер Жил Кунде го загуби местото во почетната постава на Барселона, но наместо да се жали, тој порача дека тоа го прифаќа како предизвик и дека е подготвен да се бори за враќање на своето место. По првиот дел од сезоната, во кој Барселона доминантно ги доби сите средби во домашниот шампионат и ја наполни мрежата на Феенорд во Лигата на шампионите, следува период со сериозни предизвици во кој на тренерот Ханси Флик ќе му бидат потребни сите играчи. Кунде е еден од фудбалерите кои до лани беа стандардни, а сега паднаа во втор план и не се стартери. На позицијата десен бек пред него сега простор добива Ерик Гарсија, но Французинот не се жали и е спремен со борба, ангажираност и посветеност да му докаже на Флик дека заслужува да биде во почетната постава. „Тоа е одлука на мојот тренер. Се чувствувам многу добро физички. Немам никаква повреда. Ако имам помалку време за играње, тоа се должи на минатата сезона кога бев далеку под моите стандарди. Тоа е последица и предизвик што го прифаќам со задоволство. Ќе морам да работам, што е она што вообичаено го правам. Од мене зависи да ги вратам моите најдобри чувства. Знам дека кога ќе бидам во најдобра форма, ќе имам време за игра“, порача Кунде. Францускиот репрезентативец и во националниот тим не е толку редовен, па откако настапи против Турција, остана на клупата за резерви против Италија и Белгија. Сепак, тој јасно стави до знаење дека неговиот фокус е на работата и на враќањето на формата која го направи стандарден во Барселона. Барселона веројатно е екипата која покажа најмногу во првиот дел од сезоната, пред првата пауза наменета за репрезентации. Каталонскиот клуб доминантно ги доби сите средби во домашниот шампионат, а ја наполни и мрежата на Феенорд во Лигата на шампионите. Меѓутоа, тоа е само една почетна точка и сега во овој нов дел следуваат сериозни предизвици кои ќе дадат дополнителни одговори. Токму затоа на тренерот Ханси Флик ќе му бидат потребни сите играчи, играчи кои се мотивирани и кои ќе м

Кунде не се жали поради клупата: „Тоа е предизвик што го прифаќам со задоволство | FinPortal.mk

Францускиот фудбалер Жил Кунде го загуби местото во почетната постава на Барселона, но наместо да се жали, тој порача дека тоа го прифаќа како предизвик и дека